Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
1Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
2ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗабаваМанекенката гола ги предизвика фановите Убавата манекенка Емили Ратајковски , повторно ги запали социјалните мрежи .Манекенката објави на инстаграм фотографија без ниедно парче облека и предизвика бројни коментари . Младата Американска манекенка веќе има вистинска армија следбеници на нејзините порофили . Последната провокација ги воодушеви нејзините фанови , кои го пофалија природниот изглед на убавицата и дека многу подобро изгледе без шминка. Tired af @emrata #emrata #emilyratajkowski #emilyrata A post shared by Emily Ratajkowski♛ (@emrataqueen) on Jan 25, 2018 at 3:44am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаФилипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во МакедонијаНа 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода.На 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот што се одржа во Прилеп, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Филипче нагласи дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе првата современа национална држава. „Токму затоа нивниот историски подвиг е толку голем. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе. Замислете го тој миг. Човекот што заминува. Семејството што останува. Мајката што сака да го задржи синот, а знае зошто тргнал. И една земја во која надмоќниот окупатор бил убеден дека стравот ќе ја заврши работата наместо него. На 11 Октомври, тој страв доби одговор“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека македонската историја е полна со борби за слобода, со херои кои имале верба во постигнување на целта - слободна Македонија. „Во неа има востаници што знаеле дека се послаби од силата на која ѝ се спротивставуваат. Има луѓе што ја продолжувале борбата откако претходната генерација била поразена. Имало силна надеж што се пренесувала од родител на дете, кога немало држава преку која таа верба можела да се оствари. Илинден и Крушевската Република остануваат трајна инспирација и камен темелник на таа историја. Нивното значење го чувствуваме и денес. Но, должни сме јасно да го кажеме пресудниот резултат на Народноослободителната војна, од нејзината победа произлезе првата трајна современа македонска држава. Таа победа ја смени нашата страдалничка историја.“ Тој нагласи дека Народноослободителната војна и победата над фашизмот ги поставија темелите на современата македонска држава, а АСНОМ ја втемели македонската државност. „Без победата во Народноослободителната војна, тој пат немаше да биде нашиот историски успех. Без луѓето што се изборија за државноста, немаше да ја наследиме Македонија во која подоцна, во 1991 година, ја донесовме одлуката за независност. Независноста има свое големо место. АСНОМ има свое незаменливо место. Нашата историја е доволно богата за да ги почитуваме двете, со јасно разбирање што ни донела секоја од нив“, рече Филипче. Филипче посочи дека почитта кон паднатите борци не смее да остане само на свечени одбележувања, туку мора да се преточи во одговорност за државата, нејзиниот развој и иднината на граѓаните. „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот. Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителността, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ. Тој нагласи дека денешната борба за Македонија е борба против корупцијата и криминалот, но и борба за подобар живот, достоинство и сигурност за сите граѓани – работниците, земјоделците, наставниците, лекарите, младите и пензионерите. „Борбата за Македонија денес е борба за слобода, меѓусебно почитување и правда. Борбата за Македонија денеска е против корупцијата и криминалот на арамиите на власт. Борбата за Македонија, другарки и другари, денеска е борба против нејзина распродажба. За рудници, вода, земја и дата центри. Арамиите на власт сè ќе стават на распродажба за туѓи профити и за провизии. Борбата за Македонија е борба против воскреснувањето на фашизмот и фашистичките методи на владење“, порача Филипче. Аманетот на борците е да се зачува државата, да се развива и да се создадат услови младите да останат во сопствената татковина. Патриотизмот, како што посочи, се мери според тоа како живеат граѓаните денес и каква иднина ќе им оставиме на идните генерации. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ).Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ): правосудниот систем е доведен до работ на функционален колапс поради системска негрижа, хронично недоволно финансирање и политички влијанија кои ја поткопуваат независноста на институциите. Со 18 неажурни судови од вкупно 34, над 134.000 нерешени предмети и обвинителства кои функционираат без ниту еден јавен обвинител, станува јасно дека граѓаните се оставени да чекаат правда во систем кој сè потешко може да ја испорача. Додека судската власт располага со само 0,26% од БДП, наместо законски предвидените 0,8%, власта без проблем наоѓа средства за одржување на една од најгломазните влади во Европа, непотребни заменички функции, партиски административни позиции и бројни управни одбори. Истовремено, поради необезбедени средства од Министерството за финансии, беше поништен огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. Особено алармантно е што извештајот нотира и притисоци од извршната власт врз јавното обвинителство, преку јавни изјави и реакции на високи владини функционери во врска со конкретни истраги и судски постапки. Наместо институциите да бидат заштитени од политички влијанија, сведочиме на постапки и изјави кои отвораат сериозни прашања за независноста на обвинителите и нивната можност непречено да ја извршуваат својата работа. Не може власта истовремено да бара резултати од обвинителството, а политички да ги коментира и оспорува неговите одлуки. Не може да се повикува на владеење на правото, а да создава атмосфера во која обвинителите треба да размислуваат каква ќе биде политичката реакција пред да донесат професионална одлука. Во комбинација со штетните измени на Кривичниот законик, кои овозможија застарување на предмети за висока корупција, недостигот од кадар и финансиската зависност на правосудните институции, се создава систем во кој неказнивоста станува правило, а правдата исклучок. „Не може да бараме правда како во Холандија, Шведска или Германија, а да финансираме непотребни владини фотелји додека обвинителствата остануваат без обвинители. Уште помалку може да зборуваме за независно правосудство кога претставници на извршната власт вршат јавен притисок врз оние што треба да го спроведуваат законот. Обвинителството мора да ја гони корупцијата, а не да стравува од оние што треба да ги истражува. Проблемот не е само во парите, туку во политичките приоритети и волјата да се изгради држава во која законот важи еднакво за сите. Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. ЛДП бара итно обезбедување на законски предвидените средства за правосудството, деблокирање на процесите за прием на нови судии и јавни обвинители, рационализација на непотребните административни трошоци и насочување на буџетските средства кон институциите што треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните. Истовремено, бараме прекин на политичките притисоци врз обвинителството, целосна заштита на неговата независност, ревизија на штетните измени на кривичното законодавство и воспоставување ефективна одговорност за високата корупција. Правдата не смее да биде привилегија на моќните, ниту заложник на политичките интереси. Држава во која има пари за политички привилегии, а нема пари за судии и обвинители, не страда од сиромаштија, туку од погрешни приоритети. А држава во која политичарите сакаат да влијаат врз обвинителите, не гради владеење на правото, туку систем на неказнивост. ЛДП останува цврсто определена за бескомпромисни реформи, независни институции и правда која нема да прашува кој е на власт, туку кој го прекршил законот. Затоа што без независно обвинителство нема вистинска правда, без правда нема доверба во институциите, а без доверба нема функционална држава! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“ Најмалку четири лица загинаа во Флорида и Алабама како последица на ураганот „Исаја“, а повеќе од 868.000 корисници се без електрична енергија додека ураганот навлегува подлабоко во југоисточниот дел на САД, соопштија синоќа локалните власти.Во округот Ескамбија, Флорида, едно лице загина откако остана заглавено под дрво што паднало врз куќа, изјави за CNN Мелони Питерсон, портпаролка на Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија. Кога пристигнале на местото на настанот, противпожарната спасувачка екипа на округот ја пронашла жртвата во бессознание. Hurricane Isaias has killed four people and left more than 650,000 people without power, with Pensacola, Florida, among the hardest-hit areas, as officials warn of further flooding from heavy rainfall. https://t.co/f2dt5mUHee — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 11, 2026 Питерсон соопшти дека претходно вчера, во истиот округ Ескамбија, уште едно лице било пронајдено мртво во својата гаража, која била затворена додека работел агрегат, а четворица членови на неговото семејство – на возраст од 72, 24, 5 и 4 години – биле пренесени во болница поради повреди што не претставуваат опасност по животот. Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, соопшти дека двајца жители на државата загинале во ураганот, предупреди на можни торнада и ги повика жителите „да се подготват за најлошото“. Two dead and hundreds of thousands are without power as Hurricane Isaias sweeps inland. The Category 2 hurricane made landfall in Florida late Friday, packing wind gusts over 100 mph and a storm surge of up to 6 feet. https://t.co/GF427JXvMH https://t.co/IzG6eeBYOC — The Washington Post (@washingtonpost) October 10, 2026 Заканата од поплави и торнада сè уште е на сила. Иако денес ураганот ослабе во посттропски циклон, „Исајас“ сè уште претставува закана од поплави и торнада додека се движи кон внатрешноста на САД, предупредија метеоролозите и официјалните лица. Според податоците на PowerOutage.us, рано утринава повеќе од 868.000 корисници во Флорида, Алабама и Џорџија останаа без електрична енергија. Синоќа во Флорида 438.137 корисници останаа без струја, во Алабама 294.662, а во Џорџија 111.105 корисници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00