ЗабаваМанекенката Џиџи Хадид родила девојче на фарма во Пенсилванија(ФОТО)Џиџи Хадид и нејзиниот партнер Зејн Малик станаа родители на здраво девојче, а среќната вест ја споделија со милиони обожаватели на социјалните мрежи."Нашето мало девојче ни се придружи викендов и веќе го смени нашиот свет. Јас сум толку заљубена", напиша Џиџи под црно-белата фотографија на девојчето кое цврсто ја држи за палецот View this post on Instagram Our girl joined us earth-side this weekend and she’s already changed our world. So in love🥺💕 A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Sep 23, 2020 at 8:37pm PDT Зејн сподели слична фотографија на својот профил. "Невозможно е да се опише со зборови како се чувствувам. Љубовта што ја чувствувам кон ова мало суштество е над моето разбирање. Благодарен сум што ја запознав, што можам да ја наречам моја и животот што ќе го имаме заедно", напиша Зејн. View this post on Instagram Our baby girl is here, healthy and beautiful🙏🏽❤️ to try put into words how i am feeling right now would be an impossible task. The love I feel for this tiny human is beyond my understanding. Grateful to know her, proud to call her mine, and thankful for the life we will have together x A post shared by Zayn Malik (@zayn) on Sep 23, 2020 at 8:17pm PDT Фановите претходно се сомневаа дека Џиџи се породила по објавата на нејзината помлада сестра Бела. Имено, Бела на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира со Џиџи и двете и го држат стомакот. View this post on Instagram june 11, 2020 ...🖤two buns in the oven except mine is from my burger and gigi’s is from @zayn ✨👼🏼✨ i love you both so freaking much -can’tstopcrying 🥺 A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) on Sep 15, 2020 at 10:25am PDT "Две пецива во рерна, само моето е од хамбургер, а она на Џиџи е од Зејн. Те сакам многу, не можам да престанам да плачам", напишала Бела пред неколку дена. Супермоделот и поранешниот член на One Direction започнале да се забавуваат во 2015 година, а раскинаа три години подоцна. Гласините за помирување почнаа во 2019 година, а тие за прв пат беа забележани заедно во Њујорк во јануари 2020 година. Карантинот и целата бременост Џиџи и нејзиниот партнер Зејн Малик ги поминаа на фарма во Пенсилванија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на МЕРМС во Женева58% од инсталираниот капацитет е од обновливи извори – следен чекор модерна мрежа и складирање.Делегација од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на UNECE Sustainable Energy Week која се одржа во Палатата на нациите во Женева, со фокус на прашањата поврзани со енергетската транзиција, енергетската безбедност, достапноста на енергијата и одржливиот развој. Во рамки на настанот се одржаа состаноци на Групата експерти за енергетска ефикасност (GEEE), Групата експерти за почисти електроенергетски системи (GECES) и Групата експерти за обновлива енергија (GERE), како и 35-тата сесија на Комитетот за одржлива енергија на UNECE (CSE). Во рамки на 13-тата сесија на Групата експерти за обновлива енергија (GERE-13), на панел-дискусијата Exchange of experiences on how to increase the uptake of renewable energy, Марко Минов од Секторот за обновливи извори на енергија, го претстави напредокот во спроведувањето на регулаторната рамка од Законот за енергетика и новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со кои се унапредува интеграцијата на енергетскиот пазар и се создаваат предвидливи услови за развој и инвестиции во обновливите извори. Како клучни реформи беа опфатени прекуграничната распределба на капацитети, балансирањето, оперативната сигурност, гаранциите за потекло, активните потрошувачи, енергетските заедници и конкурентните механизми за поддршка на производството од обновливи извори на енергија. Во излагањето, Минов го истакна и значителниот раст на капацитетите од обновливи извори на енергија во Македонија, особено на фотонапонските електроцентрали, а ги претстави и Годишните планови за изградба на енергетски објекти како инструмент за предвидлив и координиран развој на енергетскиот сектор и систематско планирање на нови производни капацитети и системи за складирање на енергија. Во рамки на дискусијата, меѓу другото беше нагласено и дека: „зголемувањето на капацитетите од обновливи извори е само дел од енергетската транзиција. Следниот предизвик е електроенергетскиот систем да стане пофлексибилен, поотпорен и способен да интегрира сè поголеми количини на варијабилни обновливи извори. Интеграцијата на нови капацитети од обновливи извори, модернизацијата на мрежна инфраструктура, пазарните механизми и складирањето на енергија ќе биде важен дел од идниот развој на енергетскиот систем“. Во рамки на 35 сесија на Комитетот за одржлива енергија (CSE-35) на тема Strengthening Energy Security, Affordability and Sustainability in an Uncertain World, меѓу другото беше одржана и дискусија на високо ниво, посветена на приоритетите, предизвиците и можностите за зајакнување на енергетската безбедност, достапноста и одржливоста. Во рамки на сесијата, Елена Ивановска, кабинетски службеник задолжен за следење на стратешките приоритети на Владата, која воедно претседаваше и со сесијата System-wide Solutions to Strengthen Energy Security, Affordability and Sustainability, се обрати во име на Македонија, претставувајќи ги приоритетите на земјата и конкретните активности за унапредување на сигурноста, достапноста и одржливоста на енергетскиот систем. Во своето обраќање, Ивановска истакна дека за Македонија, трите цели (енергетската сигурност, достапноста и одржливоста) се тесно поврзани и дека забрзувањето на развојот на обновливите извори, намалувањето на зависноста од увоз на електрична енергија и обезбедувањето сигурно снабдување бараат модерна, отпорна и регионално поврзана електроенергетска мрежа. Посебен акцент беше ставен на потребата развојот на мрежната инфраструктура да го следи брзиот раст на обновливите извори. Во таа насока, беше посочено дека Македонија од 2021 година, кога обновливите извори сочинувале околу 38% од инсталираниот производен капацитет, до 2025 година достигнала учество од околу 58%, со повеќе од 1.750 MW инсталирани капацитети од обновливи извори. Брзиот развој на сончевата енергија носи и нови барања за преносниот систем, особено поради децентрализираното варијабилно производство, двонасочните текови на електрична енергија и потребата од балансирање на системот. Ивановска посочи и на потребата од значителни инвестиции во преносната мрежа, унапредување на регионалната соработка и развој на механизми за флексибилност, батериски системи за складирање енергија и управување со потрошувачката. Учеството на претставниците од Министерството: Елена Ивановска, Билјана Матевска, Марко Минов, Сара Кочева, Ангела Алексова, Ненад Стојковски и Љубица Трајковска Лешоска претставуваше можност за размена на искуства со земјите членки на UNECE, претставници на меѓународни организации и експерти од областа на енергетиката, особено во делот на забрзувањето на енергетската транзиција и создавањето пофлексибилни, сигурни и одржливи енергетски системи, но и можност за претставување на реформите и искуствата на нашата земја. Државата останува посветена на сигурна, достапна и одржлива енергетска транзиција, со фокус на понатамошно зголемување на производството од обновливи извори, модернизација и проширување на мрежната инфраструктура, развој на складирањето на енергија, унапредување на пазарната интеграција и создавање предвидлива регулаторна рамка за нови инвестиции. Пораката од Женева е јасна: амбициозниот развој на обновливите извори мора да биде проследен со инвестиции во мрежата, флексибилност, складирање, регионална поврзаност и институционален капацитет. Само преку интегриран пристап може да се изгради енергетски систем кој истовремено ќе биде сигурен, отпорен и одржлив. Со почит, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: МЕРМС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook