Манекенка потрошила 100.000 фунти за да има најтенка половина на светот(ФОТО) - Канал 5

Манекенка потрошила 100.000 фунти за да има најтенка половина на светот(ФОТО)

Дора Родригез, манекенка и поранешна кандидатка за Мис Универзум, потрошила дури 100.000 фунти на липокулптура и мамопластика поради нејзиниот план да има „најтенка половина на светот“.

Манекенка потрошила 100.000 фунти за да има најтенка половина на светот(ФОТО)

Манекенката е во мисија да ја постигне најтенката половина на светот, пишува Daily Star. "Во последните неколку месеци, потрошив околу 100,000 фунти на липокулптура и мамопластика. Отстранувањето на ребрата сè уште не е на мојот коронаграм, но поради целта најтенок струк на светот, можам да размислувам за таа идеја", рече таа.

Дора била оперирана за да може да позира за едно од најголемите модни списанија во светот, Harper’s Bazaar во Виетнам. Со поголеми гради и помал струк, манекенката верува дека е близу до постигнување на „телото од соништата“ како на куклата Барби.

"Јас сум многу среќен. Имав ширина на половината од 80 см и сега е 60. Имаше многу операции".

Greenery 🍃 @boohoo

A post shared by Dora Rodriguez 🇨🇦🇪🇸🇵🇪 (@dorarodriguez.es) on

Манекенката, која позирала и за Плејбој, вели дека отстранувањето на ребрата ќе ја чини 8.000 фунти ако се одлучи за тоа.

На Инстаграм ја следат скоро 95.000 луѓе и многумина се воодушевени од нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер