Манекенка од над два метри се венчала за далеку понизок маж (ФОТО)

Манекенката Елисане Силва била висока 175 сантиметри кога имала само десет години. Таа продолжила да расте, па сега 26-годишната Елисане е висока повеќе од два метра, пишува Метро.

Нејзината висина нема никаква врска со генетиката бидејќи нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока 162 сантиметри, а нејзиниот татко Луис 170 сантиметри. Тие подоцна откриле дека нејзиниот раст е предизвикан од бениген тумор на хипофизата, што предизвика прекумерно производство на хормон за раст и гигантизам.

"Дури и како десетгодишно дете, забележав дека нешто не е во ред, бидејќи бев единствената во моето семејство и класа што имав неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство, бидејќи јас бев највисокиот член на таква млада возраст “, изјави Елисане за Метро.

Откако една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна, понудиле да ги покријат сите медицински трошоци за да изврши неколку рутински тестови и да се открие зошто Елисане е толку висока.

Пред десет години се сретнала со Франсиналдо, а тој ја запроси во 2011 година, и се венчаа во 2015 година.

"Во моментот кога го сретнав, веднаш ја почувствував врската, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 165 сантиметри, скоро е 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е гајле. Иако беше љубопитен мојата висина , тој не даде лоши коментари или да го осуди мојот изглед “, вели манекенката.

Разликата во висината, вели таа, не им претставува проблем. Имаат и тригодишен син Ангел, кој сега е висок 94 сантиметри.

"Иако порано добивавме коментари од луѓето на улица кога одевме заедно, јас веќе не сум во центарот на вниманието, сега го имаме нашиот прекрасен син. Анџело е веќе 93 сантиметри висок на тригодишна возраст, но не верувам дека ќе порасне исто како мене затоа што мислам дека мојата состојба не е наследна. Мислам дека ќе порасне до просечна висина", рече таа.

Продолжува извршното дејствие околу одлуката за уривање на галијата, ново рочиште на 7 јули

Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот.

Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот и таа постапка како континуитет си продолжува, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новонабавените специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Шилегов воедно истакна дека временската рамка била укината, како и дека ново рочиште било закажано на 7 јули.

– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје е да ја укине времената мерка на Основниот суд и ние заради тоа продолживме со извршните дејствија, а Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои не знаат, согласно Законот, законски застапник на институцијата е градоначалникот и јас имам право да го застапувам овој град во секоја постапка, нагласи Шилегов.

Тој воедно информира дека по надминатите проблемите од формален карактер, наскоро ќе започнат активностите околу уредување на зелениот покрив на Мавровка.

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје, под раководство на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните, кој насекаде се уредува и гради, па шири лажни вести и невистини.

За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, туку водени од личниот и партиски интерес го разнебитија и обезличија Скопје, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за меремр и бронза, споменици, за жални врби и палми, барок од стиропор, вртелешки и лавови.

Во главниот град, во изминатите 3.5 години континуирано се одвива градежна офанзива, во чии рамки меѓудругото, се завршени четири нови булевари, се завршува мостот на реката Вардар во Аеродром, изградени се десетици километри нови велосипедски патеки, се подигаат илјадници метри квадратни нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори и диви депониии.

Скопје сега е успешна приказна и така ќе продолжи.

Реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Лисабон „под клуч“ поради ширење на делта сојот на коронавирусот

Делта сојот го затвори главниот град на португалија Лисабон, рестрикциите  завршија  утрово.

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирусот се должат на делта сојот што за прв пат се појави во Индија.

За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини.

Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности. Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.

притисни ентер