Манекенка направила грешка на лет од САД до Британија- осудена е на над 11 години затвор - Канал 5

Манекенка направила грешка на лет од САД до Британија- осудена е на над 11 години затвор

Кога Леандра Ројер се качи на лет за Европа, мислеше дека бара брза работа за да си ја плати киријата.

Манекенка направила грешка на лет од САД до Британија- осудена е на  над 11 години затвор

Наместо тоа, 26-годишната девојка, која долета од Лос Анџелес, беше уапсена во Манчестер и подоцна осудена на повеќе од единаесет години затвор.

Ројер, манекенка од Квинс, Њујорк, ја сподели својата приказна на TikTok, а видеото досега има повеќе од три милиони прегледи. „Не сум горда на она што го направив. Многу ми е жал за тоа“, рече таа.

„Деловна можност“

Сè започнало кога еден познаник ја контактирал на социјалните мрежи и ѝ понудил нешто што го претстави како „деловна можност“.

„Тој рече: „Сè што треба да направите е да летате до Англија и да земете куфер“, се присети таа. „Додаде: „Торбите не се на ваше име, па ништо не може да се поврзе со вас“. Ме уверија дека ги познаваат луѓето на аеродромот и дека можат да организираат да бидат пуштени на излез. Сè претставија како ситница.“

Ројер рече дека се борела за да плати 2.800 долари кирија и дека остварувањето брза заработка од околу 2.500 долари звучело како спас. „Мислев дека ова ќе ми ја плати киријата“, рече таа. Договорот вклучувал тридневно патување од Лос Анџелес преку Дизелдорф со сите платени трошоци, а ѝ било ветено дека ќе ѝ се исплати по враќањето во САД. „На крајот никогаш не ми беше платено“, додаде таа.

Апсење и пресуда

Ројер и шест други Американци, вклучувајќи лице со кое го делела станот, добиле инструкции да соберат 12 кеси по слетувањето во Манчестер. Но, планот пропаднал кога една кеса завршила на рендген и го активирала алармот, објави „Манчестер ивнинг њуз“. Потоа властите откриле дека сите 12 кеси содржат повеќе од 300 килограми кокаин.

Таа била уапсена на 31 мај 2024 година, а на 28 октомври истата година се изјаснила за виновна за заобиколување на забраната за увоз на контролирана дрога од класа А. Манекенката била осудена на 11 години и 8 месеци затвор.

Кет Мекхју, командант на филијалата на Националната агенција за криминал (NCA), изјави: „Овие сторители беа дел од криминални банди кои префрлаа значителни количини кокаин низ целата земја, предизвикувајќи штета на нашите заедници и поширокото општество. Како и другите закоравени криминалци, тие беа водени од жед за пари и богатство, но одличен и упорен тим на NCA спроведе макотрпна истрага што вклучуваше илјадници часови работа. NCA продолжува да работи со партнери дома и во странство за борба против заканите од дрога од класа А.“

Депортација по 19 месеци

Ројер заврши со отслужување на 19 месеци, по што беше депортирана, благодарение на промените во законот што им овозможуваат на странските осуденици да бидат отстранети од Велика Британија порано. Според овие правила, странските државјани можат да бидат депортирани многу порано во нивната казна, во многу случаи откако ќе отслужат околу 30 проценти.

Целта е да се ослободат места во затворите и да се намалат трошоците, а по правило, на депортираните затвореници им е трајно забрането да се вратат во земјата. На 3 декември 2025 година, Ројер беше ослободена од затвор и се врати во САД. Таа сега живее во Флорида и вели дека сето тоа ја променило нејзината перспектива.

Предупредување на TikTok

Во видеото објавено на TikTok, таа појасни дека не прашала што има во куферите. „Искрено, не ми беше гајле“, рече таа, додавајќи дека би се чувствувала виновна ако знаела дека е „нешто лошо“.

„Споделувајќи ја мојата приказна на интернет, не се обидувам да ја потценам сериозноста на ситуацијата или да се шегувам за тоа. Ја разбирам сериозноста на она што го направив. Не знаев дека има кокаин во торбите“, вели таа.

„Сакам луѓето да знаат дека брзите пари не вредат“, рече таа. „Само затоа што некој друг ќе се извлече со нешто не значи дека и вие ќе се извлечете, а сигурно не значи дека треба да се обидете. Секоја акција има последици и треба да размислите за нив пред да донесете одлука. Кога ќе се вклучите во криминал поврзан со дрога, не само што го ризикувате сопствениот живот, туку и животите на другите. Дрогите што им помагате да се преместат можат сериозно да им наштетат на луѓето кои на крајот ги консумираат. Трговијата со дрога не го прави светот подобро место, туку го прави полошо место.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ќе успеат ли Синдикатот во културата и Министерството за култура да постигнат согласност за нов колективен договор, откако Уставниот суд во петокот одлучи да го укине сегашниот? 

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ниту ќе работиме без права од први април, ниту ќе дозволиме да се намалат веќе стекнатите права – порачаа од синдикатот на културата на Македонија, кои одлуката на Уставниот суд да го укине колективниот договор ја нарекоа исфорсиран и изнуден процес без преседан. Според нив, ваквата постапка претставува тежок удар врз вработените во културата, а Македонија велат, испраќа порака дека е рушител на работничките и синдикалните права во државата. Протестите, најавуваат ќе продолжат, а не го исклучуваат ниту штрајкот како опција.

„Ние како синдикат си остануваме доследни на нашите права што ги имаме стекнато и ќе си ги браниме нашите права. Дали тоа ќе биде преку социјален дијалог, кој што нели ќе се одвива во овој нареден период, или преку форма на синдикално делување, протести, а можни се најави и за штрајк во културата. Ние продолжуваме со протестите, следната недела ќе биде соопштен денот кога ќе одржиме протест пред министерството за култура, и натаму ќе продолжат протестите, бидејќи правата на вработените не можат да бидат избришани со една одлука на Уставниот суд.“

Одлуката на Уставен суд, кој колективниот договор го преиспитува од април е очекувана, вели за Канал 5 националниот координатор за култура – Зоран Љутков. Според него, вината што состојбите се во слепа улица е кај СКРМ, бидејќи, вели не покажале капацитет за преговарање. Љутков тврди, им биле понудени бројни решенија, но без никаква реакција од другата страна.

„Очигледно дека ова раководство на СКРМ нема никаков капацитет за преговарање, а тоа се гледа од состаноците кои што се направени и неколкуте работни групи. Ние како министерство и како тим досега имаме дадено неколку предлози како може да се надмине проблемот, а од другата страна, од страната на СКРМ досега немаме добиено ниту еден конкретен предлог, и од тие причини целата вина ја префрлам јас таму во неможноста за преговарање од страна на ова раководство на СКРМ, мислам дека ова раководство дека нема никаков капацитет.“

Колективниот договор, кој беше укинат од Уставниот суд важи до први април 2027 година, вакуум простор во кој двете страни треба да најдат заеднички јазик и да ги уредат правата на вработените во културата, оти во спротивно, по престанувањето на важењето на договорот, ќе нема начин за ислата на плати.

Според Уставниот суд, спорното во колективниот договор е тоа што не постои законска методологија за пресметување на платите, можноста за нееднаквост меѓу вработените, како и уредување на прашања надвор од законските рамки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер