Манекенка на модна писта со пумпа за доење

На модна ревија на Лондоската недела на модата се прошета манекенка која носи пумпа за доење .

Манекенката Валерија Гарсија носеше пумпа на градите , додека ја претставуваше колекцијата на креаторот Марта Јакубовски на Модната недела во Лондон . Пумпата се гледаше под црниот градник над кого манекенаката носеше костум.

Таа прошета по пистата откако сличниот потег беше поздравен кога манекенката Мара Мартин прошета по писта во Мајами , доејќи го своето бебе.

Видео: Памела повторно нашминкана

По низата јавни појавувања без шминка, холивудската убавица Памела Андерсон се откажа од природниот изглед за нејзиното прво појавување на Мет Гала.

Секс бомбата од „Чувари на плажа“ се појави на црвениот тепих во фустан на Оскар де ла Рента без рамо и лесна шминка од шминкерот Пет Мекграт.

Во интервју за британскиот „Vogue“, Андерсон рече дека сака шминка која е „свежа, мека и етерична“ за да покаже елеганција.

Во текот на изминатата година, Андерсон стана заштитно лице на движењето за природен изглед по бројните јавни појавувања без шминка.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

притисни ентер