Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Џамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“ - Канал 5

Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Џамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“

Ни понудија помеѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме, рече моделот Клаудија Калво. Подарок за славеникот од 400 000 евра.

Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Џамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“

Младата светска фудбалска ѕвезда, асот на Барселона, Ламин Јамал повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но не поради случувањата на зелениот терен, туку поради контроверзната прослава на неговиот 18-ти роденден.

Според тврдењата на моделот Клаудија Калво, девојките што присуствувале на забавата биле внимателно избрани, а многумина наводно добиле сериозни финансиски понуди за нивното присуство.

Можеби ќе ве интересира: Шок во Барселона: Ламин Јамал нарачал 12 проститутки за својот 18-ти роденден?!

- Добив покана за неговиот 18-ти роденден. Ни понудија помеѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме. Ти даваат картичка за свои трошоци. Во моментот кога ти ја даваат таа картичка, се согласуваме на сè иако не знаеш во што се впушташ или што очекуваат од тебе. Поточно бараа русокоси со многу специфична големина на гради. Не ни беше дозволено да имаме мобилни телефони - рече 25-годишниот Калво, додавајќи дека тие „повеќе се фокусирале на големината на градите и бојата на косата“.

Во поканата за забавата јасно беа наведени правилата: „Без телефони. Без камери. Без дрога. Сè е вклучено: летови, хотел, храна и што и да одлучите да потрошите додека сте на островот подготвувајќи се за забавата. Точната локација ќе биде споделена неколку часа пред почетокот на забавата. Потребна е дискреција.“

Прославата собра голем број познати личности, а достапни се само ретки видеа од роденденската забава.

На прославата присуствуваа многу соиграчи на Барселона, меѓу кои Гави, Алехандро Балде, Роберт Левандовски, Рафиња, Пау Кубарси и Фермин Лопез. Исто така, имаше и музички ѕвезди како што се Кеведо, Бизарапа, Бад Гјал, Џеј Си Рејес, Чимбала, Озуна, Рајан Кастро, Емилија Мернес и Лола Индиго. Американскиот рапер Травис Скот наводно бил поканет, но на крајот не се појавил.

Изненадувањето на вечерта беше присуството на возачот на Ферари во Ф1, Леклер. Јавноста зборува и коментира за подарокот на Јамал вреден 400 000 евра .

Музичарот Ел Алфа му подарил на младиот фудбалер ланец вреден околу 400.000 евра. Тој го купил ланецот за Јамал пред неколку дена и го објави тоа на Инстаграм.

Според медиумските извештаи, атмосферата била турбулентна, а Калво била една од вкупно 12 девојки поканети на настанот.

Забавата предизвика и дополнителни критики бидејќи, според шпанските медиуми, Јамал ангажирал и луѓе со џуџест раст да учествуваат во забавата. Шпанското здружение на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (ADEE) исто така се огласи по повод настанот.

Можеби ќе ве интересира: Јамал ангажирал џуџуња за својот 18. роденден и предизвика голем скандал

- За време на прославата, неколку луѓе со џуџест раст беа ангажирани да учествуваат во забавните активности, без друга цел освен да послужат како атракција и спектакл. Апсолутно е неприфатливо во 21 век луѓето со џуџест раст сè уште да се користат исклучиво како забава или атракции на приватни забави - изјави претседателката на здружението, Каролина Пуенте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Големиот Лионел Меси кажа „крај“: Аргентина во солзи

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшебникот Лионел Меси  се прости од аргентинската репрезентација, а солзи течеа и на теренот и на трибините. Тоа беше ноќта кога цела Аргентита плачеше. 

Видео: Големиот Лионел  Меси кажа „крај“:  Аргентина во солзи

Феноменалниот Лео учествуваше во три гола на мечот а потоа одржа говор со кој што ќе ги расплаче милиони фудбалски навивачи ширум светот. Па и речиси секој Аргентинец.

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лео Меси, се прости од дресот на аргентинската репрезентација на пријателскиот натпревар против Бенин.

Во Аргентина се надеваа дека овој ден никогаш нема да дојде, но по смртта на татко му и поразот во финалето на Светското првенство, Меси одлучи дека е време за повлекување, при што сакаше тоа да се случи меѓу своите – па така, пред речиси 85 илјади навивачи на стадионот „Монументал“, тој последен пат го облече сино-белиот дрес.

И последен пат заигра мајсторски. Аргентина победи со 3:0, благодарение на неговите две асистенции – за Отаменди во 48. минута и за Паз во 61. минута – како и на голот од пенал во 71. минута. Со тоа, неговото збогување беше уште подостоинствено, бидејќи им докажа на сите дека би можел да игра уште многу години, доколку само би сакал.

Се разбира, натпреварот беше проследен со солзи, како на трибините, така и на теренот.

Меси плачеше, а околу него плачеа и неговите соиграчи, за кои овој момент беше уште потежок. Тие останаа без својот лидер, инспирација и идол – реинкарнацијата на Марадона, па и повеќе од тоа.

Меси одигра вкупно 208 натпревари за Аргентина, при што постигна 126 гола и забележа 69 асистенции. Со својата земја двапати ја освои Копа Америка – во 2021 и 2024 година – а ја освои и титулата светски шампион на Светското првенство во Катар во 2022 година, победувајќи ја Франција. Исто така, одигра уште две финалиња: она во 2010 година и повторно во 2026 година, кога Шпанија беше подобра од него.

YouTube video

Што рече Меси на прошталниот настан? „Не ми преостанува ништо друго освен да ѝ се заблагодарам на оваа дрес-маица. Цели 20 години, дури и во најтешките моменти, никогаш не престанав да се борам, да чекорам напред и да го давам својот максимум, бидејќи сакав да бидам тука. Многу ќе ме боли сознанието дека повеќе нема да доаѓам овде и дека повеќе нема да бидам дел од аргентинската репрезентација. Да се ​​прашував јас, би сакал да останам тука до крајот на животот, бидејќи играњето за Аргентина е најубавото нешто што постои. Мислам дека денес зборувам повеќе од кога било, едноставно затоа што не сакам овој момент да заврши“, рече Меси и нагласи дека „дојде време за повлекување“, бидејќи претходното Светско првенство го исцрпило.

„Во 2022 година имавме цел да го оствариме не само мојот сон, туку и сонот на целата земја: повторно да станеме светски шампиони. И успеавме. Го освоивме Светското првенство, Копа Америка, Финалисимо... Бескрајно сум благодарен за сè што доживеав со оваа репрезентација. Но, ова патување не се одвиваше само во 2022 година, ниту само за време на последното Светско првенство. Толку многу соиграчи се бореа заедно со мене за овој дрес, многу пред конечно да станеме светски шампиони. Никогаш не се сомневајте колку секој од нив се борел и дал сè од себе за Аргентина. Беше привилегија и чест да го делам теренот со сите мои соиграчи и да поминеме толку многу време заедно и надвор од фудбалот; знаев дека можеме да се натпреваруваме со секого бидејќи имав воини кои беа подготвени да остават апсолутно сè на теренот“, рече Меси, заблагодарувајќи им се на сите.

„За да се постигнат најголемите успеси, потребна е силна група. А токму во најтешките моменти навистина откривате каков тим имате. Тоа е една од главните причини што успеавме да го постигнеме сето она што го постигнавме. И особено на оваа група: ВИ БЛАГОДАРАМ. Тие ми помогнаа да го остварам сонот што го имав уште од детството. Ми помогнаа да станам светски шампион. Сакам да им се заблагодарам и на луѓето. Имав среќа да играм во многу градови низ Аргентина и каде и да одев, добивав неверојатно многу љубов.“ На крајот, тој ги повика навивачите да продолжат да ја поддржуваат Аргентина, како што тоа го правеа додека тој играше за неа. „И таа поддршка мора да продолжи. Ќе дојдат тешки моменти, а тогаш мора да ја поддржувате репрезентацијата повеќе од кога било. Потребни ни се силни и обединети групи бидејќи секогаш ќе има луѓе кои сакаат да ја видат репрезентацијата како не успева, а ние не смееме да им го пружиме тоа задоволство.“

Лионел Меси ќе продолжи да игра фудбал на клупско ниво; тој веќе извесно време настапува за Интер Мајами и има договор со овој клуб до крајот на 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село Македонија

Народниот театар Битола се приклучува на хуманитарната кампања на СОС Детско село Македонија.

НУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село Македонија

Публиката на Битолскиот театар знае што значи да се биде хуман. А сега повторно има можност, заедно со НТБ да направи нешто добро за децата на кои им е потребна нашата поддршка.

Имено сите средства од продадените билети за 100.изведба на претставата „Кокошка“, која ќе биде изведена на 24.октомври од 20 часот, ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село.

Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката и овојпат ќе има уште едно посебно значење.

Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини.

Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи.

За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ.

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски.

„Дојдете да се смееме, да го прославиме 100-тиот пат на „Кокошка“ и, со еден едноставен билет, да бидеме дел од нешто поголемо од самата претстава.

Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.

И многу детски насмевки што можеме да ги помогнеме“, велат од НТБ.

🎟️ Влезници на билетарницата на НТБ и онлајн на

https://narodenteatarbitola.com/events/kokoshka-28/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица.

Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации.

„Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување.

Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран.

Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер