ЗабаваМанекенка казнета со 80 000 долари зашто се појавила топлес на бејзбол натпревар Манекенката Џулија Роуз , која со колешките Лорен Самер и Кајла Лорен ги покажаа голите гради на бејзбол натпревар, треба да плати 80 000 долари казна.Со покажувањето на градите, девојките сакале да го рекламираат своето списание 18+ Шагмаг и биле убедени дека нивната мала гола точка ќе привлече огромно внимание на медиумите. Џулија изјави дека избрале бејзбол затоа што се емитува на ТВ, па затоа биле убедени дека тоа ќе ги привлече медиумите. View this post on Instagram finally able to be myself 😈 A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Oct 21, 2019 at 12:08pm PDT Подоцна изјавиле дека сакале да ја подигнат свеста за ракот на дојка. View this post on Instagram tops off for Tuesday 👯♀️ A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Oct 8, 2019 at 12:38pm PDT "Бејзболот е еден од најголемите спортови, со најмногу гледаност. Знаете каде се камерите цело време. Јас сум повеќе обожавател на американскиот фудбал, но кога станува збор за бејзбол, невозможно е да не ве снимат. Знаевме каде се камерите", рече таа. View this post on Instagram where we going? A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Oct 16, 2019 at 2:19pm PDT Џулија додаде дека сите три биле подготвени дека можат да завршат зад решетки поради голотија, иако на крајот тоа не се случило. View this post on Instagram wearing my @johncena shirt A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Oct 14, 2019 at 11:52am PDT Многумина ќе бидат изненадени од нивната најава дека планираат повеќе вакви испади во иднина. View this post on Instagram can we just start a bruh chain A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Oct 3, 2019 at 12:32pm PDT View this post on Instagram the perfect weather to ride with the top off A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Sep 23, 2019 at 11:58am PDT View this post on Instagram Boobie buddies for life @heylaurensummer 👯♀️ A post shared by Julia Rose (@its_juliarose) on Jul 15, 2019 at 12:21pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Денеска одржавме состанок со претставници на ГРЕКО, посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Како претседател на ЗЕЛС, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за одговорно управување со јавните средства. Нашата определба е општини што работат транспарентно, чесно и во интерес на граѓаните!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран објави снимка од нуклеарна експлозија и упатства за граѓаните како да се заштитатИранските државни медиуми објавија осумминутно видео кое содржи упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.Снимката објаснува како да се заштитите од експлозија, како да најдете засолниште и како да избегнете изложеност на радиоактивни материи. Видеото е објавено во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Иранската државна новинска агенција ИРНА го објави видеото на 29 октомври, како дел од Националната недела на цивилна заштита. Упатствата се подготвени од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект Натанц. Објаснување за граѓаните како да преживеат нуклеарна експлозија Во видеото се предупредуваат граѓаните да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија. Доколку се затекнат на отворен простор, треба да побараат заштита зад цврста пречка, да легнат на земја и да си ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, се советува што побрзо да влезат во најблискиот цврст објект – најдобро во подрум или во просторија во центарот на градбата – притоа држејќи се што подалеку од прозорците и надворешните ѕидови. Исто така, се советува граѓаните да ги затворат сите врати и прозорци, како и да ги исклучат клима-уредите и системите за вентилација што вовлекуваат воздух однадвор. Се препорачува престој во засолништето најмалку 24 часа Во случај на можна изложеност на радиоактивни честички, граѓаните треба внимателно да ја соблечат горната облека, да ја стават во затворена кеса и да се измијат со млака вода и сапун. Иранските служби, исто така, советуваат користење на флаширана вода и спакувана храна. Граѓаните треба да останат во засолништето најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања пред да излезат. Упатствата се објавени во рамките на иранската Недела на цивилна заштита, која се одбележува со години. Сепак, ваквата детална јавна подготовка за можна нуклеарна експлозија привлече внимание поради моменталните односи меѓу Техеран и Вашингтон. Такер Карлсон тврди дека Трамп размислува за нуклеарен напад Објавувањето на видеото предизвика дополнително внимание откако американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во текот на следните неколку дена. Карлсон на социјалната мрежа „X“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно врши притисок врз Трамп да го нападне подземниот комплекс познат како „Планина Пикекс“, кој се наоѓа недалеку од нуклеарниот објект во Натанц. Според Карлсон, израелските разузнавачки служби сметаат дека Иран таму повторно го започнал процесот на збогатување ураниум. Тој исто така тврди дека конвенционалното американско оружје не е во состојба да ги уништи длабоко вкопаните тунели. Карлсон не понуди никакви независно проверливи докази за своите тврдења дека се подготвува нуклеарен напад. Ниту американските, ниту израелските власти не потврдија дека се размислува за таков напад. Трамп претходно ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Американскиот претседател претходно зборуваше за можноста за нови напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и „Планина Пикекс“, но јавно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје. Во интервју за „Newsmax“ кон средината на октомври, тој изјави дека на САД не им е потребно да користат нуклеарно оружје против Иран. Тврдењата на Карлсон предизвикаа бројни реакции во американската јавност, но засега нема потврда дека Вашингтон подготвува нуклеарен напад. Иранските власти официјално не го поврзаа објавувањето на безбедносните упатства со конкретна закана од страна на САД. Видеото е дел од програмата за цивилна заштита, а самото негово објавување не значи дека иранските служби имаат сознанија за претстоен нуклеарен напад. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаМрежа од ботови се прошири на 1,3 милиони телевизориИзлезе на виделина дека еден производител, чии „Android TV“ уреди се поврзани со милиони телевизори, го искористил своето присуство на пазарот за незаконски активности.Компанијата „MECOOL“ ги продава своите достапни „TV“ уреди на платформи како „Amazon“ и „AliExpress“. Сепак, уште еднаш се потврди дека ако нешто е евтино, веројатно постои некаква „замка“. Во овој случај, „замката“ всушност претставува намерно вградена ранливост – т.н. „задна врата“ (backdoor) – која овозможува создавање мрежа ботови преку уредите на „MECOOL“. Оваа мрежа зафаќа над 1,3 милиони уреди, ситуација која предизвика официјална реакција од страна на „Google“. „Уверени сме дека ’задната врата‘ и мрежата ботови се развиени, имплементирани и управувани од компанијата „Videostrong Technology“, со цел остварување финансиска добивка“, појаснија од „Google“ во објава на својот блог. Како што се наведува, напаѓачите ги користеле „заразените“ телевизори за извршување дејства како што се правење снимки од екранот, извлекување чувствителни податоци, како и извршување скрипти и команди. Истиот злонамерен софтвер е откриван на различни локации низ годините. Според мапата објавена од „Google“, погодените пазари се протегаат од Мексико до Русија. Доколку користите „Android TV“ уред од брендот „MECOOL“, ви препорачуваме да направите фабричко ресетирање и да преминете на уред од друг производител. Дополнително, од „Google“ изјавија дека му забраниле на овој производител да произведува идни уреди кои би доаѓале со претходно инсталирани апликации од „Google“. Извор: Б92Тагови: телевизори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter