Манекенка ја напушти модната писта за да се занимава со земјоделство! - Канал 5

Манекенка ја напушти модната писта за да се занимава со земјоделство!

Акеч Вини е млада дама од Уганда која отсекогаш сонувала еден ден да стане позната и да заработи доволно за да обезбеди иднина за себе и за своето семејство.

Манекенка ја напушти модната писта за да се занимава со земјоделство!

По завршување на основното и средното училиште, како и Факултетот за англиски јазик и книжевност, таа работела како наставничка во едно локално училиште, потајно сонувајќи еден ден да стане модел. Тоа ѝ била голема желба уште од детството и конечно ѝ се остварила. Таа успеала да замине во Британија и таму да оствари завидна манекенска кариера, но по неколку години решила да ја промени професијата и да се посвети, ни помалку ни повеќе, на земјоделството.

Акеч сподели видео на „TikTok“ на кое се гледа како копа во градината со нејзината сестра и пријателите во руралните краишта на Африка, опишувајќи дека еден од нејзините најубави моменти е кога некој ќе ги поздрави за време на работа и ќе ги праша како им оди работата. Таа, сепак, открива дека некои од луѓето љубопитно ја гледаат, а некои од нив дури се осмелуваат да прашаат зошто ја копа градината и се чудат зошто „си дозволува такво нешто“, имајќи предвид дека во нејзиниот роден крај сите знаат оти работела како модел во Лондон, но и во Њујорк.

-Зошто да не ја ископам градината? Постои проблем во размислувањето. Кога луѓето ќе заминат од овде и ќе се преселат далеку, сите имаат големи очекувања од нив. Затоа многу луѓе никогаш не сакаат да се вратат назад – го започнала таа своето видео.

Како што објаснува, луѓето кои успеваат да заминат од Уганда за Америка или Европа живеат под постојан притисок дека нема да успеат надвор од својата татковина, па тоа е една од причините зошто никогаш повеќе не се појавуваат во неа, ниту пак сакаат да го „расипат впечатокот“ за себе.

@aketchjoywinnie #africaisgold #africa #foryou #fyp #adayinmylife #foryoupage #village ♬ original sound - Aketch Joy Winnie

Нејзината порака доби позитивни коментари од нејзините придружници кои истакнаа дека неизмерно ѝ се восхитуваат затоа што е толку приземна и скромна, и покрај успехот што го постигнала во една од јавните работи.

@aketchjoywinnie #africaisgold #africa #foryou #fyp #adayinmylife #foryoupage #village ♬ All We Need Is Here in Africa (Bones Mix) - Steve Kekana

Во нејзините видеа таа зборува и за животот во Африка, како и за големата блискост и соживотот меѓу луѓето во нејзината земја. Таа истакнува дека едноставноста и грижата на едни за други е она што го прави животот убав.

-Детето на соседот е и мое дете. Можам да дотрчам кај соседите и да побарам сол или каква било намирница, и не се работи за потребата, туку за великодушноста, да бидеме тука еден за друг. Овие мали нешта во општеството го прават животот убав – нагласи таа во една од своите објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица.

Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело.

Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против:

• Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци,

• Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата,

• Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите.

Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење.

Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите.

Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега.

Ние не се плашиме.

Вистината е на наша страна.

И доаѓа време кога сите ќе одговарате.

YouTube video

Центар за комуникации на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Во преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.

Изложба „Дома“ во Прилеп

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на

фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.

"Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата.

Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.

СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. Радишанска

На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер