Мандана пред велешката публика - Канал 5

Мандана пред велешката публика

Како дел од програмата на четвртото издание на Фестивалот на комедијата  „5РЕ“ вечер во 20 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ.

Мандана пред велешката публика

Проекцијата е овозможена од Кинотеката на Македонија, за прв пат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој омилен филм на многу генерации.

Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот и делото на легендарниот актер Петре Прличко, од Кинотека потенцираат дека публиката ќе се потсети на неговата незаборавна улога во филмот – ликот на комитата Мандана. Овој шегобиец, филозоф, мудрец и стар, прекален борец ја има една од најпопуларните реплики во историјата на македонскиот филм, во сцената кога во четата на Јане Сандански, Катерина го раѓа бебето, симбол на македонската борба за слобода. Мандана понесен од возбуда, ќе му посака на мелечкото: „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено, како тетовско јаболко. На снага – вита ела пиринска. Грлото бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче. Славејче наше убаво. И, кога еден ден ќе гледаш во големото сино небо и ќе слушаш славеј – спомни си за нас. Спомни си ја четата во која си се родило. Таа чета, ангелче, се бори за твојата слобода...“.

Инаку филмот „Мис Стон“ е првиот македонски игран филм снимен во колор и во тоталскоп техника, со Петре Прличко, Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Марија Тоциновски, Драган Оцоколиќ, Дарко Дамески, Драги Костовски, Вукан Диневски и многу други во улогите на комити, мисионери, турски аскер, револуционери, селани...

Во 1959 година, за улогата на Манданата, Петре Прличко ја добипрестижната „Златна Арена“ на фестивалот во Пула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер