Манчини: Сакам да ја вратам Италија на врвот на европскиот и светскиот фудбал

 Новиот тренер на Италија, Роберто Манчини даде прво интервју за неговиот нов пост, откако официјално беше објавен за нов ментор на „азурите“ и беше претставен на медиумите.

Специјалистот беше многу возбуден околу новиот предизвик, и откако се смири, откри кои неговите цели. Тие се дефинитивно многу високи, како што одговара на еден од најголемите национални тимови во светот.

- Сакам да ја вратам татковината на местото, кое што го заслужува - на врвот на европскиот и светскиот фудбал. Се надевам дека ќе успеам. Првата цел е тоа да се случи уште во турнирот за Лигата на нации, со напорна работа, сè може да се постигне, рече Манчини.

Тој додаде дека конечно дошло време да застане на чело на Италија.

- Најголемиот предизвик за италијански тренер е да ја води националната екипа. Тоа е радост за целото мое семејство, особено за мајка ми и татко ми, кои сега се многу горди. Беше многу тешко откако не се пласиравме на Светското, но можеме да ја промениме оваа тенденција во иднина, изјави новиот слектор.

Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Интер, Галатасарај и Зенит најави и дел од плановите како национален тренер.

- Дали би го вратил Балотели во составот? Се разбира дека има место за него, бидејќи сите сакаме да го гледаме оној Марио, кој беше на Европското во 2012 година. Задолжително ќе му се јавам и на Буфон, но оставете ми малку време, едвај денес ме повикаа и потпишав, додаде Манчини со насмевка.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

Во Црвено Море нападнат танкер со нафта

Британската безбедносна фирма „Ембреј“ (Ambrey) денеска соопшти дека во Црвеното Море е нападнат танкер со нафта, што пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.

Танкерот е погоден со проектил, што предизвикал пожар. Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.

Претходно Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.

Хутите уште од ноември минатата година ги напаѓаат трговските бродови во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинцитеи оти тоа ќе го прават сè додека Израел не ги запре нападите врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер