Манчевски: Со дигитализација транспарентност и отчетност кон граѓаните

 Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на завршниот настан по повод 25 години од формирањето на Фондацијата Отворено општество во Македонија.

Порачал дека дигитализацијата овозможува транспарентност и отчетност кон граѓаните за што во иднина најавува новини во отворање на податоците од институциите.

- Транспарентноста е инструмент во рацете на граѓаните кој им овозможува да ја оценат релевантноста на процесите и одлуките донесени од институциите, навел Манчевски на денешната јавна дискусија на тема „Транспарентни и отчетни институции-императив за одговорна власт“.

Како што истакнал, дигитализацијата и новите технологии овозможуваат брза и редовна комуникација, полесно од кога било, секојдневна консултација со граѓаните и граѓанскиот сектор.

Министерот се осврнал на дел од мерките кои Владата ги презеде во контекст на зголемување на отчетноста и транспарентноста и потенцираше дека за наредниот период се работи на отворање на податоците кои произлегуваат од работата на институциите од јавниот сектор, соопшти Кабинетот на министерот.

Се подготвува стратегија и акциски план за отворени податоци, се работи на пуштање во употреба на нов портал за отворени податоци во август годинава, на измени за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информирал Манчевски и најавил дека и во иднина ќе се продолжи со пракса на отвореност, транспарентност, отчетност, и водење инклузивни процеси со партнерството со граѓанските организации, бизнисите и академската заедница.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер