Манчевски: Македонија нуди поволни услови за влез на трет мобилен оператор

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“.

Настанот на едно место ги собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Северна Македонија.

Министерот Манчевски се осврна на бизнис климата во земјата и условите кои ги нуди.

„Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9%, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни, и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка „Водење бизнис“ за 2019 година.

Растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа високо квалификуваната раотна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во Македонија на 46,9%. Во овие реформи е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10% корпоративен данок и 3% корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8% од БДП на земјата“, информираше министерот Манчевски.

Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.

„Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47% во изминативе 5 години, при што опфаќа 4% од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади високо квалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ беа основани во 2017 година.

Министерот Манчевски, го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.

98,69% од населението и на 75% има сигнал 4G

Вкупниот број на активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95% (на припејд 46% , на постпејд 54%), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65%, додека пак бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207990.

Вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра.

Според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99; подготвеноста за потрошувачи достигна 73,89; достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78; меѓу другото.

Имајќи го предвид горенадевеното, клучните можности за раст се следните:

Потрошувачи: претплата на бродбенд мобилни услуги - неискористени до 30% од пазарот (тековен удел 65%)

Јавен сектор/Влада: пазар за користење дигирални услуги – до 80% потенцијал за раст на пазарот (тековен удел 17%-33%)

Бизниси: користење услуги „во облак“, можност малите и средните претпријатија да продаваат онлајн и онлајн-прекугранична поврзаност – неискористени до 90% од пазарот (тековен удел 1%-16%)

Вертикален пазар (IoT, M2M): во моментов се активни 207990 M2M SIM-картички – голем неискористен дел од пазарот со побарувачка за раст (светски трендови на CARG за 2017-2022 година на 32%, Cisco VNI Mobile, 2019 година)

Зголемување на просечните приходи по корисник, на инвестициите и на потенцијалот за приходи

Ситуацијата упатува на тоа дека сè уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.

Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа, Н.Е. Дорина Чинари, заменик министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска Банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, Директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер