Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова
СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата
1Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова
2СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураМанчевски ќе учествува на Глобален културен самит во Абу ДабиРежисерот Милчо Манчевски ќе учествува на Глобалниот културен самит кој од 9-ти до 13 април ќе се одржува во Абу Даби. Во петте дена на самитот ќе има скоро 300 учесници од над 80 земји – врвни уметници и клучни играчи во владини активности, филантропија, областите на заштита на културно наследство, образование, медиуми, наука и технологија. Меѓу учесниците се Медлин Олбрајт, поранешен секретар за надворешни работи на САД, Ричард Армстронг, директор на фондацијата Гугенхајм, Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, Тан Дан, добитник на Оскар за музика, Дебора Рутер, претседател на Кенеди центарот, Дрен Вокер, претседател на Форд фондацијата, Идрис Кан, уметник, кореографот Лиз Лерман, како и претставници на универзитетот Беркли, на Карнеги хол и други. Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија. Неговиот последен краток експериментален филм, американско-кубанската копродукција „Крајот на времето“ на 5 април имаше светска премиера на Фестивалот на краткометражни филмови во Аспен, Колорадо. Фестивалот е квалификуван во номинациите за Оскар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВтората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера КличковаМакедонскиот КИЦ и Кинотека втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит ја посветија на етнолошките филмови на Вера КличковаВо рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа во Сплит се одржа втората вечер на Фестивалот посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова. Беа прикажани филмовите – „Мариовска свадба", „Велигденски обичаи" и „Русалиски обичаи во Гевгелија". Краток вовед во филмовите дадоа вишиот филмолог Дамјана Ивановска Патчева и филмскиот техничар и продуцент Тихомир Кашмицовски од Кинотека на Македонија, приближувајќи ѝ ја на публиката важноста на зачувувањето на етнолошкиот филм како дел од филмското наследство. Денес Фестивалот продолжува со Трибина насловена „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија" во просториите на Македонското културно друштво „Македонија" Сплит, која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонскиот филм". Вечерта продолжува со проекцијата „Македонски оскаровци" при што ќе бидат прикажани филмовите „Дае" („Мајка") на режисерот Столе Попов и „Медена земја" на Тамара Котевска во кинотеката на Центарот за култура „Златна врата". Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи, како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија" Сплит и Центарот за култура „Златна врата". Во текот на месеците септември и октомври, во знак на одбележување на 35 години независност, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.Тагови: Вера Кличкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална платаДодека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот. Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари. Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци. Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај. Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. 600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд. Пари има, но власта ги троши за погрешни работи. Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците. Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард. Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаФудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќаТажната вест ја утрово ја потврди Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово.„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски. Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим. Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство. Почивај во мир, Даниел. 🕊️ Летај високо, ангелу.“- стои во објавата.Тагови: Даниел Николовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter