Милошоски: Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ
1Милошоски: Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ
2Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
3Општина Центар: Сечење и кастрење на заболените и небезбедни дрвја на „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“
Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
1Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
МакедонијаМанчевски: Досега 50.661 корисници на СтопКорона апликацијата, ќе биде од голема помош за епидемиолозитеНаскоро ќе има нов сет на мерки, пред се за помош на приватниот сектор, вели министерот за информатичко општество и администррација Дамјан Манчевски.Во ситуација на одложени избори нормално е Собранието да заседава, вели меѓу другото за Канал 5, Манчевски. Со него разговара Михајло Видимлиски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
ЗабаваВидео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“ Светската музичка ѕвезда, Шакира на отварањето на Мундијалот на легендарниот стадион Ацтека во Мексико Сити настапи на сцената со нигерискиот пејач Бурна Бој Колумбиската музичка ѕвезда Шакира настапи пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, како дел од церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал, кое оваа година се одржува во Мексико, САД и Канада. Шакира настапи на сцената заедно со нигерискиот пејач Бурна Бој, а ова е првата од трите церемонии за отворање планирани за овогодинешното Светско првенство, кое се игра во три земји домаќини. За време на изведбата, беше изведена песната „Даи Даи“, официјалната химна на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Заедно со Шакира и Бурна Бој, британскиот кантавтор Ед Ширан учествуваше во нејзиното создавање. Насловот на песната доаѓа од италијанскиот збор „Даи“, што значи „ајде да одиме“ или „ајде да одиме“. Рефренот упатува повици за акција на повеќе јазици, вклучувајќи јапонски, шпански, француски и англиски. Песната ги слави упорноста, спортскиот дух и остварувањето на соништата, а во текстот се споменуваат и фудбалски легенди како што се Пеле, Марадона, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Мохамед Салах. From Maracaná Stadium, here is “Dai Dai,” the @FIFAWorldCup Official Song 2026. Coming 5/14. We’re ready! ⚽️🐺 @burnaboy pic.twitter.com/UcfpO0s7jN — Shakira (@shakira) May 7, 2026 Тагови: СП2026 Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаМилошоски: Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори добивме вето“, истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатна емисија. Пратеникот Милошоски дискутираше за евроинтегративниот процес на државата и посочи дека идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции, со цел реален напредок кон ЕУ. „Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа не стигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија“, рече Милошоски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Тагови: Националната опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter