Манчестер Сити забележа рекордни приходи - Канал 5

Манчестер Сити забележа рекордни приходи

Манчестер Сити забележа рекордни приходи при последните пресметки, за периодот кој заврши на 30 јуни 2024 година. Дури 715 милиони фунти, што е рекорд во Премиер лигата.

Манчестер Сити забележа рекордни приходи

„Граѓаните“ на тој начин го соборија ланскиот „рекорд“ за цели 2,2 милиони фунти.

Не е неочекувано што Сити има рекордни приходи кои доаѓаат по една година во која не успеаја да го повторат својот неверојатен подвиг, кога освоија 4 титули, но успеаја да ја освојат четвртата титула по ред во Англија.

Трошоците за плати се намалени за 10,3 милиони фунти, со пријавена добивка од 73,8 милиони фунти (пред оданочување). Приходите од комерцијалните права благо се зголемија - од 341,4 милиони на 344,7 милиони фунти.

Вклучувајќи ја финансиската 2023/24 година, Манчестер Сити работи со приходи секоја година од сезоната 2014/2015. Се разбира, тоа не важи за сезоната 2019/2020, која беше под влијание на пандемијата на коронавирус.

Интересно е што добивката во име на трансфери е 92,8 милиони евра и тоа од крајот на јуни, а тоа може да укаже дека претстојните преодни рокови може да донесат нови засилувања. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави.

Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф.

Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)

Мексико денеска беше погодено од серија многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)

По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала.

На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, на кои се гледа како зградите се нишаат и извиткуваат под влијание на оваа природна сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани.

Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.

Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности.

На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани.

Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер