Манчестер Сити пронајде замена за еден од најдобрите фудбалери на светот - Канал 5

Манчестер Сити пронајде замена за еден од најдобрите фудбалери на светот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека сезоната е завршена за Родри (28).

Манчестер Сити пронајде замена за еден од најдобрите фудбалери на светот

Фантастичниот играч за врска и еден од најдобрите фудбалери во светот доживеа кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено на премиерлигашкиот натпревар против Арсенал (2:2) одигран на 22 септември.

„Гардијан“ пишува дека Сити размислува да го доведе Самуел Ричи (23) од Торино како замена за Родриго. Станува збор за Италијанец способен да игра на неколку позиции во средниот ред, но се издвојува разиграноста на неговите соиграчи и отпорот на притисокот на ривалите. Ричи е меѓу најголемите желби на Сити за зимскиот преоден рок. За да го доведат сопствениците на Манчестер ќе треба да платат околу 36 милиони евра, пишува Гардијан.

Торино веројатно не сака да го продаде среде сезоната, особено што неговиот договор е до летото 2026 година и тој ќе биде важен играч во битката за првите позиции во Серија А. Од друга страна, ќе биде тешко за Ричи да одолее на поканата на еден од најдобрите клубови во светот.

Според Трансфермаркт, Ричи е деснак висок 181 см, роден во Понтедера. Минал низ младинските редови на Емполи, а во јануари 2022 година Торино го донесе на позајмица за еден милион евра, за шест месеци подоцна да плати уште 8,5 милиони евра.

Откако дојде во Торино, каде што сега игра има 85 настапи, три гола и шест асистенции. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 22 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок.

-Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас

-Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер