Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп - Канал 5

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп

 Манчестер сити го победи Брентфорд со 2:0 во четвртфиналето на англискиот Лига куп. Натпреварот се одигра синоќа на „Етихад“ во Манчестер.

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп

Францускиот играч од средниот ред Рајан Черки го отвори резултатот во 32. По паузата, бразилскиот крилен напаѓач Савињо го постави конечниот резултат.

Противникот на Манчестер Сити во полуфиналето ќе биде одреден со жрепка.

Претходно Челзи се пласира во полуфиналето откако го победи Кардиф сити со 3:1, додека Њукасл го совлада Фулам со 2:1.

Во последното четвртфинале ќе играат Арсенал и Кристал Палас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море.

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран.

Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил.

Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер