Манчестер сити може да плати 60 милиони евра за Ларсон - Канал 5

Манчестер сити може да плати 60 милиони евра за Ларсон

 Манчестер сити влезе во трката за играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Ларсон, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Манчестер сити може да плати 60 милиони евра за Ларсон

Според Плетенберг, за фудбалерот се заинтересирани и Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Од продажбата на 20-годишниот Швеѓанец бундеслигашот очекува да заработи најмалку 60 милиони евра.

Ларсон настапува за германскиот клуб од летото 2023. Сезонава одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и една асистенција.

Трансфермаркт неговата пазарна вредност ја проценува на 40 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави.

Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф.

Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)

Мексико денеска беше погодено од серија многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)

По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала.

На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, на кои се гледа како зградите се нишаат и извиткуваат под влијание на оваа природна сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните

Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани.

Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.

Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности.

На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани.

Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер