Манчестер сити без пораз 50 натпревари на домашен терен

Манчестер сити е без пораз на домашен терен 50 натпревари по ред.

Избраниците на Пеп Гвардиола денес го совладаа Фулам во натпреварот од 7. коло на Премиер лигата со 3:2.

Серијата без пораз на „Граѓаните“ на стадионот „Етихад“ трае 50 натпревари. Сити победи 41 пат во сите натпреварувања и девет пати ремизираше.

Последниот пораз на Сити на домашен терен е забележан на 12 ноември 2022 година во натпреварот со Брентфорд (1:2)./МИА

Лесор го гаѓале со стаклени шишиња на полувремето во Белград (ФОТО)

Панатинаикос во Белград ја одбрани улогата на фаворит и со нов одличен резултат ја заокружи серијата победи.

Атињаните ја победија Црвена звезда со 81:77 и го освоија второто место во Евролигата со скор 5-2.

Повторно црвено-белите загубија значителен плус од 14 поени и по три кола кога беа лидери со 3-0, сега паднаа на 12-та позиција.

Добар дел од работата во триумфот во салата „Александар Николиќ“ одработи Матијас Лесор, кој постигна девет поени со исто толку скокови, а натпреварот го одбележа и со својот потег на полувремето.

Кога го напушти теренот, беше нападнат од трибините со пцовки и свирежи од сите страни. Навивачите на Звезда му се налутија на поранешниот кошаркар на Партизан, кој во знак на протест се „закопа“ пред ТВ камерата.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од предмети кои летале кон него, а содржината е благо кажано скандалозна.

Запалка и две шишиња вињак се гледаат на масата на стрелците, откако беа отстранети од теренот и запишани во семафорот, па Звезда најверојатно наскоро ќе добие нова казна...

Уапсени се шестмина тинејџери, откако избодено девојче било најдено покрај пат во Англија

Шест тинејџери се уапсени откако 13-годишно девојче било пронајдено со повеќе убоди на главниот пат во близина на Хал, Англија.

Полицијата соопшти дека таа била пронајдена околу 6.50 часот на А63 во Хесле со „повреди опасни по живот“, вклучително и „расцепи на вратот, стомакот, градите и грбот“.

Четири момчиња и две девојчиња, на возраст меѓу 14 и 17 години, се уапсени во блиската шумска област и се сослушани под сомнение за обид за убиство, пишува Sky News.

Луѓето дошле на помош на девојчето пред да пристигнат итните служби, соопшти полицијата на Хамберсајд.

Детективот Сајмон Викерс рече дека се верува дека жртвата им била позната на напаѓачите.

„Девојчето останува во болница во критична состојба“, додаде тој.

Поставени се кордони околу шумската област кај Фериби Хај Роуд додека полицијата истражува.

ДУИ: Али Ахмети го прифати предизвикот на Мицковски за заеднички избори во 2025 година

Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во Октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во Октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“.

Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.

Заедничкото одржување на парламентарните и локалните избори во октомври 2025 година, исто така, им овозможува на граѓаните и на државата да заштедат десетици милиони евра во 2029 година, бидејќи локалните, парламентарните и претседателските избори ќе се организираат заедно.

„Самиот Мицкоски вчера изјави дека ќе имаме предвремени парламентарни и локални избори по една година. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро по една година на терен на избори со ВМРО, а ние на избори со сите оние кои не мислат како нас и се претставуваат како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави синоќа првиот човек на ДУИ Али Ахмети, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер