ФудбалМанчестер Јунајтед со пресврт до нова победа и третото место на табелатаФудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија триумф од 2:1 на домашен терен во дуелот со Кристал Палас, иако противникот поведе со 1:0. Јунак на триумфот беше словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко, кој уште еднаш постигна гол за победа на својата екипа. Со новите три бодови Манчестер Јунајтед со 51 бод се проби на третото место колку што има и Астон Вила на четвртото место. Инаку, почетокот на дуелот не беше добар за Манчестер Јунајтед откако Максенс Лакроа постигна гол во 4.минута за водство на гостите. Истиот фудбалер направи пенал во 56.минута, доби црвен картон, а Бруно Фернандеш изедначи од пенал. Шешко голот за победа го постигна во 65.минута. На другите два дуела од 28.коло одиграни попладнево: Фулам – Тотенхем 2:1 и Брајтон – Нотингем Форест 2:1. Дербито на колото од 17:30 часот го играат Арсенал и Челзи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета БогородицаВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот. Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина. Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината. Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“.Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, знаење и истрајност оставиле силен белег во економскиот и општествениот развој на Крива Паланка. „Крива Паланка не е само град во кој има рудник, Крива Паланка е рударски град. Со рударството растеле генерации, се создавале семејства, се граделе домови и иднина. Рударската традиција е длабоко вградена во идентитетот на нашиот град, а зад неа стојат луѓе чиј чесен труд заслужува највисока почит. Се гордееме со нашите рудари и со она што тие го претставуваат за Крива Паланка“, истакна Митовски. Осврнувајќи се на десетгодишниот јубилеј, градоначалникот нагласи дека „Тораница“ има посебно место во стопанската историја на Крива Паланка, а „Булмак 2016“ значајна улога во локалната економија и заедницата. Тој ја потенцираше и заложбата за натамошно унапредување на соработката, отворениот дијалог и партнерството, со јасна определба развојот на рудникот и развојот на градот да создаваат нови можности за Крива Паланка и нејзините граѓани. „На сите рудари и на сите вработени во ‘Тораница’ им го честитам Денот на рударите. Нека е среќен десетгодишниот јубилеј на ‘Булмак 2016’. Со длабока почит кон рударската професија и традиција – СРЕЌНО!“, порача градоначалникот Митовски.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема БогородицаПрвиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа. „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook