Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
2Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
ФудбалМанчестер Јунајтед го претстави Патрик ДоргуМанчестер Јунајтед го претстави левиот бек Патрик Доргу како второ ново засилување во зимскиот преоден рок.Данскиот бек пристигнува на „Олд Трафорд“ од италијански Лече за сума од 25 милиони фунти, а уште 4 милиони се вклучени во бонусите. -Неверојатно сум горд што можам да се наречам играч на Манчестер Јунајтед. Ова е посебен ден за мене и моето семејство. Едвај чекам да почнам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за тимот и иднината на клубот е навистина возбудлива. Тој има јасен план за развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место за реализација на мојот потенцијал и исполнување на моите амбиции, изјави 20-годишниот Данец за клупската веб-страница Претходно, Манчестер Јунајтед го ангажираше и 18-годишниот дефанзивец на Арсенал, Ејден Хевен. Во наредните часови се очекува „црвените ѓаволи“ да се разделат со Тајрел Маласија, кој игра на позицијата Доргу. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притворПолицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.Полициски службеници пред два дена запреле возило„ауди“, управувано од 35-годишник од село Бучим, за кого претходно била изречена мерка на претпазливост –за кривично дело поврзано со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.. При прегледот на возилото возачот не приложил доказ за нивното потекло. По насоки на Јавното овнителство, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор, а потоа бил спроведен во „Затворот Скопје“. Тој се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеГраѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарциСтравот од комарците ги празни рафтовите со репеленти и спрејови против инсекти во скопските аптеки. Дел од фармацевтите за Канал 5 потврдуваат дека средствата за заштита периодов се продаваат како алва. Граѓаните велат дека по комарниците на прозорците и вратите токму спрејот е еден од поефикасните начини да се заштитат од убодите на комарците кои можат да го пренесат вирусот Западен Нил. По вториот смртен случај, кај дел од нив е зголемена и загриженоста, но некои повеќе стравуваат за децата. Иако кај многу мал број на луѓе оваа инфекција може да се манифестира со тешка форма, најчесто кај повозрасни луѓе со хронични болести, тоа не значи дека не може да се јави кај деца. Случаи со западно нилска треска која и кај мало предизвикала воспаление на мозокот сме имале во изминатите години, потврдуваат педијатрите. Разликата е дека претходно Западен Нил „се увезуваше“ од странство, најчесто од Грција, а сега, инфекцијата е присутна и на наше тло. Сите случаи на западно нилска треска кај нас се потврдени кај лица над 60 годишна возраст кои имаат коморбидитети. Досега овој вирус за една недела зеде два човечки животи, а според официјалните информации од Клиниката за инфективни болести, седум луѓе се на респиратор и се борат за живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатиеОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ. -Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе. -Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ. Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина. - Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски. За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook