Манчестер Јунајтед го победи Арсенал - Канал 5

Манчестер Јунајтед го победи Арсенал

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше победа од 1:0 во дуелот против Арсенал во дербито од 11.коло на англиската Премиер лига.

Манчестер Јунајтед го победи Арсенал
На натпреварот одигран на „Олд Трафорд’“ стрелец на победоносниот гол за домаќините беше поранешниот фудбалер на „Топџиите’“ Робин Ван Перси во 27.минута.

Со оваа победа шампионот Манчестер Јунајтед фати приклучок кон горниот дел од табелата, а сега заостанува 5 бодови зад водечкиот Арсенал.

На преостанатите три натпревари одиграни денеска постигнати се следниве резултати: Тотенхем – Њукасл 0:1, Сандерленд - Манчестер Сити 1:0 и Свонси – Стоук 3:3.

Резултати од вчерашните натпревари: Астон Вила – Кардиф 2:0, Челзи - Вест Бромвич Албион 2:2, Кристал Палас – Евертон 0:0, Ливерпул – Фулам 4:0, Саутемптон - Хал Сити 4:1 и Норвич - Вест Хем 3:1.

Табела: Арсенал 25 бодови, Ливерпул 23, Саутемптон 22, Челзи 20, Манчестер Јунајтед 20, Евертон 20, Тотенхем 20, Манчестер Сити 19...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер