3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
КултураМанастирот „Свети Никола" во Мариово бележи 750 години постоење и раритетна историјаЗа да се стигне до манастирот „Свети Никола" во Манастир, Мариово, треба да се биде во срцето на најголемата, но и најраселена област во земјава. На 45 километри од Прилеп, по патот за Мариово, преку Штавица, македонското село насловено „Мал Холивуд" каде снимаше Милчо Манчески, преку превојот „Слива", преку Расимбегов мост на Црна Река, што е во средиштето на прилепско Мариово, па, по патот кај Трлата, ќе ве одведе до селото Манастир. Таму е манастирот „Свети Никола". Покрај селото може да продолжите до Чебрен, каде се заговара (одамна) градењето на хидроцентралата на Црна Река. Селото Манастир во Мариово, главно, ги зачувало камените куќи. Повеќето се од педесеттите години на минатиот век кога ниту мариовци не знаеле дека ќе почне големиот бран на иселувањето во 60-тите и во 70-тите години од 20-тиот век. Манастирот е на крајот од селото. Селото го носи името на манастирот. Влезната порта и камбанаријата се оддамнина. Лево е стариот конак, полуразрушен, а пред вас глетката ја запира манастирската црква „Свети Никола". До неа е новиот конак. Се гледа дека црквата е во фаза на препокривање. Гостите ги пречекува отец Никола, архимандрит, старешина на манастирот. За добредојде – чај и…. повеќевековна приказна, за манастирот кој годинава одбележува 750 години постоење. За приказната да биде поавтентична се упатуваме среде црквата Свети Никола. Отец Никола (случајно или не, го носи името на светецот кому е посветен манастирот) во почетокот на замонашувањето ниту знаел каде ќе дојде. – Ми го споменаа манастирот. Си реков, каде сум? Уште при првиот поглед занемев и се „заљубив". Во глетката, во духовниот мир и спокојството што ги нудат и манастирот и црквата и околината. Не толку далеку од општественото живеење, ама доволно да имате духовен мир. Дури тогаш сфатив зошто, токму тука, „зачнало" монаштвото уште пред седум и пол века. Замислете како било мирно и продуховено тогаш, вели отец Никола. Приказната за манастирот фасцинира. Освен што постои 750 години и чува раритети на духовното христијанство, на археологијата, на историјата, првото прашање упатува на потеклото. По што проценуваат дека манастирот бележи 750 години постоење? Иако црквата е најстара, целосно зачувана, во Пелагонискиот регион од 11 век. Отец Никола знае да го „зароби" вниманието. – Оваа 2021 година, почнувајќи наназад од 1271 година, одбројуваме 750 години од најзначајната обнова на манастирската црква „Свети Никола" во Мариово која е направена во времето на проигуменот Акаки, значајна монашка личност, историска личност за средновековната Охридска архиепископија. Човек кој потекнувал од византиското благородништво и решил да го напушти светот, доаѓа да живее во овој Манастир како монах, а бидејќи го затекнал во една разрушена состојба, го обновил, толку-колку што возмогнал. Неговата ктиторска фрескоживописна слика е зачувана во црквата. Донел сликарски имиња од тоа време за да го обноват фрескоживописот од разурнатата црква. Тоа се случува од 1266 и завршува во 1271 година. Всушност, работеле повеќе групи зографи, но само еден човек осмислил што ќе биде насликано и сето тоа било крунисано во таа 1271 година. И од тој период останат е целиот ентериер кој денеска има огромно значење за македонското средновековно сликарство. Манастирот во средновековно Мариово претставувал културно, духовно и општествено средиште на Регионот. Тоа го потврдуваат и поновите археолошки истражувања од 50-тите години на минатиот век, раскажува отец Никола. Црквата е најстарата во Пелагонискиот регион. Од 11 век е, поточно од 1095 година. – Кон крајот на 11 век, поточно во 1095 година, протостраторот Алексеј, кој бил подалечен роднина на византискиот цар Алексеј Комнен, така пишува во пронајдениот натпис,бидејќи бил „стратиот" и висок воен началник во областа, веројатно во одбранта на овие византиски граници од нападите на Крстоносните војски во текот на втората половина на 11 век, посакал на ова место да изгради манастир и да биде завештание за него, место каде ќе бидат погребани тој и неговото најблиско семејство. На тој начин, ја гради црквата, ја посветува на светиот отец Николај Миликијски, Чудотворец. Од тој период се останати значајни археолошки остатоци кои ни сведочат дека, освен тоа што во црквата биле закопани членовите од потесното семејство на протостраторот Алексеј, во самиот почеток, Манастирот имал традиција на монашко живеење, вели отец Никола. Фрескоживописот е од константинополската школа. Тоа значи дека има свои карактеристики, евидентирани само на неколку цркви во Македонија. Го одредува и монашкиот живот во Манастирот. – Посебноста е во типичноста што се јавува, внатрешното уредување, бидејќи е базиликална црква, одредува малку поинаква програма на фрескоживописот тука. Овој тип на градби се граделе во 8 и 9 век. Непознато е во литературата, нема многу такви цркви градени во 11 век како трикорагни базилики. Базиликата има централен и два странични кораби кои завршуваат со праскомидија и џаконикон. Доминираат монашките теми, тоа за нас е најзначајна потврдува дека уште од самиот почеток, особено во тој 13 и 14 век, Манастирот функционирал како значаен монашки центар. Да ја споменеме фреската на Свети Јован Лествичник, кресницата на Свети Јован Синајски, која е најстара во Македонија од аспект на тоа монашко живеење. Сведочи дека монаштвото во Македонија било запознато и во тек со најзначајната духовна и подвижна литература, типична за монашката читателска публика и е дадено почесно место на оваа фреско – претстава. Треба да се истакне техничкиот израз на фреските во централниот кораб кој е многу редок за наши услови во Македонија од она сликарство што било негувано и создавано во Охридската архиепископија, а тоа се моментите кои потсетуваат на константинополската иконографија со високи, натприродни претстави на светители во целиот раст. За нас е многу значајно постоењето на овој лик на Свети Климент Охридски, како патрон на Охридската архиепископија, на едно значајно почесно место помеѓу олтарот и проскомедијата.Насликан е со византијско-грчки натпис. Тоа е невообичаена фреска на Свети Климент Охридски која била инспирирана на постари прототипови на неговиот лик, познати во регионот. Многу е тешко да се говори заиконографските решенија во 9,10 и во 11 век, зашто ерминиите биле пишувани на краток, концизен текстуален начин за описот на фрескосликањето.Многу е значајно што е во самиот олтарен дел, заедно со Свети Ахил Преспански кој ни е познат од Самоиловата епоха.Посебно е што светителите се со надприроден раст, повеќе од 3 метри, типично за константинополската иконографска средновековна школа, појаснува архимандрит Никола. Фасцинираат посебностите на фрескоживописот на кому му е неопходна заштитата. А Манастирот се смета за едно од заукружените археолошки истражувања. Посебно е што имало осликување и на надворешната страна, а уште пофасцинантни се откриените гробови, вечни почивалишта на монасите. Во кругот на Манастирот има гробови и од световните војни. Монашките нудат посебна раритетност. – Од јужната страна се пронајдени околу 40 гробови, различни од останатите средновековни погребувања во некрополата околу црквата Свети Никола. Тие се до самиот влез од јужната страна на црквата, со специфично погребување. Дури се пронајдени археолошки артефакти на копчиња со впишан крст. Ќе биде објавено во една ретка монографија. Тоа ќе биде ретко сведоштво за монашкото живеење во Македонија, зашто има ретко сведоштво од книжевни и други споменици. Единствен споменик е Монашкиот типик од Вељуса од 1080-тата година.Тоа е многу посебно, бидејќи ретко каде во манастирите во Македонија се направени толку опсежни археолошки истражувања кои би го доловиле повеќе монашкиот живот во периодот. Тука се пронајдени и монашките конаци, разни работилници. Можно е да се претпоставува дека функционирал како книжевен препишувачки центар.Може да секаже дека Манастирот „Свети Никола" можеби е еден и единствен, а сигурно дека е еден од ретките од македонската средновековна епоха кои се археолошки потполно истражени, вели отец Никола. Со самото оживување на Манастирот се покренати повеќе иницијативи. Најголем приоритет е даден на обновата на овој храм. Преку надлежните институции, како споменик на културата од прва категорија мораше да се проследи со соодветни проекти. Најважно беше да се стабилизирата подовите на Црквата, бидејќи се откри дека дел од црквата се одделува од средиштето поради подземни води. Поставени се нови темели на црквата. – Сега сме во обновата на покривната конструкција на црквата, изградба на тремови од надорешната страна, бидејќи е една од ретките цркви кои имала фрескоживопис и од надворешната страна, а сочувани се мали делови на фрескоживописот на јужната и на западната страна.Црквата ќе се фугира, ќе се менуваат процорците и вратите. Тоа треба да заврши наредните два-три месеца. Од архитектурата треба да се направи новото електрично осветлување, па подот и иконостасот, кои, како проект, се одобрени во надлежните институции, но треба да влезат во програмата на Министерството за култура за наредната 2022 година, информира отец Никола, старешина на манастирот „Свети Никола" во Манастир, Мариово кој годинава бележи 750 години постоење. Од прилепскиот Завод и музеј потврдуваат дека треба да завршат проектите. Приоритет било заштитата на црквата. – Прво, моравме да ја препокриеме за да заврши заштитата на фрескоживописот. Иако забавено, сепак ќе се завршат работите, уверува Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј. Посетата на манастирот „Свети Никола" во Манастир, Мариово, ја завршуваме со чувството на допир во историјата низ вековите. Мариовското опркружување останува недопрено, а со тоа го засилува чувството на духовното спокојство и на изолираноста. Тоа што го барале монасите пред седум и пол века.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36