Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници
2Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници
КултураМанастирот Свети Јован Бигорски, бисер на мирот и верата„Благословен е оној кој доаѓа во иметото Господово“ топла и убава порака пред влезот на манастирот Јован Бигорски. Манастирите јадрото на верата и христијанството, а за верниците тие се колевка за секој празник, места каде секој го чувствува мирот, проткаен со молитва и запалена свеќа за благодарност кон Бога. Запалената свеќа и кандило се симбол на нашите молитви кон Бога, а се што е поврзано со Бога нема место за демони, велат монасите. Бисерот на реканскиот крај, Биогрскиот манастир изграден од каменот бигор по што го добил и името стои над прекрасната река Радика. Од секој агол погледот е прекрасен, на зимското сонце и чистиот воздух планините се како на дланка до манастирскиот двор. Духовноста на манастирот заедно со природата даваат чувство на мир и спокој. Во манастриот ве пречекува прекрасниот иконстас. Ремек-дело на Мијаците Петре Филиповски – Гарката, Марко Филипов, Макариј Фрчкоски и Аврам Дичов со синовите, кои го изработувале од 1829 до 1835 година. На самиот иконстас се иконите на Пресвета Богородица, која е верна копија на најголемата светогорска светиња, која во 2009година по заложба на старецот од биогрскиот манастир партениј е направена и донесена во манаситорт. Во цркавата е чудотворната икона на Свети Јован која според преданијата сама пристигнала во манастирот. Многу верници пред иконата ги кажуваат своите најголеми маки, но и благодарност за послушаните и остварени желби. Архимандиртот Кирил раскажува дека на крајот од година, но и за најголемите празници верниците чији молитви биле ислушани доаѓаат да се заблагодарат пред иконата и на монашкото братство од манастирот. Отец Кирил објаснува дека со преобразба на самиот човек, со вистинксите молитви она што било далечно станува блиско и возможно за секого. „ Бог бара од луѓето вера и отворено срце за да може да дејствува, со преобразба може да се стане подобар човек да се биде вистински христијани До 7.40 - изјави отец Кирил. За празниците луѓето ја сакаат убавата трепеза и часови поминати со фамилијата. Она што е вистински дар за секој празник е молитвата, таа е духовната храна, раскажува отец Кирил кој во ерата на модерна комуникација и елеткроника ја објасни поврзаноста. -Молитвата она што значи воздухот за телото тоа значи молитвата за душата. Молитвата е една комуникација поврзана со божеството со нашиот предобар Бог ... 2025 година за манастирот Бигорски за братството беше посебна со големи јубилеи. 30 годишнината од замонашувањето на епископот Партениј и со тоа три децении од обновата на Бигорскиот манастир со монашко братство кое се зголемува. А ако заминете во овој манастир поразговарајте со монасите кои ќе ве ислушаат и ќе ви кажат убави мисли кои може да ви ја сминат и најголемата тага, а да ви дадат љубов и мир во срцето. Тагови: Св. Јован Бигорски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денариРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%. Од 25.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаМинистерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ „Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја отвори првата работна сесија со тимот кој ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да започне со работа на полетокот од 2027 година. Во изминатиот период беа поставени основите за формирање на Академијата, беше спроведена анализа на постојната состојба и потребите, а во наредниот период следува дефинирањето на организацискиот модел, клучните функции и оперативната поставеност на новата организациска единица во рамките на Министерството за јавна администрација. Во рамките на дводневната работна сесија тимот ќе работи на подготовка на клучните документи за воспоставување на Академијата, како и на преточување на стратешката рамка и четирифазниот патоказ на реформата во конкретен, реалистичен и временски дефиниран акциски план. Овие документи ќе ја постават основата за започнување на оперативната фаза и функционирањето на Академијата во состав на Министерството за јавна администрација. „Работата во овие два дена бара од секого од нас конкретност и посветеност. Не бараме уште еден документ на хартија, бараме јасен, реалистичен и спроведлив акциски план, со прецизно распределени одговорности, идентификувани ризици и временска рамка на која можеме да се потпреме. Тоа е она што ќе го означи вистинскиот почеток на оперативната фаза на Академијата“ истакна министерот Минчев. Работната сесија се реализира во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА. Преку менторската поддршка, регионалната експертиза и споделените искуства и практики од земјите во регионот, Министерството за јавна администрација добива значајна поддршка во процесот на градење на одржлив и функционален институционален модел на Академијата. Воспоставувањето на Академијата претставува важен чекор во создавањето современа, професионална и ефикасна јавна администрација, во која континуираното учење, развојот на компетенции и стручното усовршување ќе бидат составен дел од професионалниот развој на јавните службеници. Министерството за јавна администрација продолжува посветено да работи на реформите кои значат поквалитетна администрација, подобри услуги за граѓаните и создавање услови во кои јавните службеници ќе имаат можност континуирано да ги развиваат своите знаења и професионални компетенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултиралБорбен авион „Грипен“ на Унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок доцна претпладнево, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Информацијата ја потврди премиерот Петер Маѓар, пренесува „Еуроњуз“. Премиерот на својот профил на мрежата „Икс“ (X) напиша: „Од засега непознати причини, пред неколку минути во близина на Солнок се урна борбен авион 'Грипен' на Унгарските одбранбени сили. Пилотот успешно се катапултираше. Во тек е истрага, а министерот за одбрана е на пат кон местото на несреќата“. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди подоцна извести дека пилотот е пренесен во болница и дека нема други повредени. Според него, пилотот направил сè што е во негова моќ за да обезбеди авионот да падне на воен терен. Во близина на Солнок се наоѓа и унгарска воена воздухопловна база. Унгарската флота на авиони „Грипен“ Унгарските вооружени сили располагаат со вкупно 14 борбени авиони „Грипен“. Сите тие се стационирани во воздухопловната база Кечкемет и редовно учествуваат во меѓународни операции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter