Манастирот Свети Јоаким Осоговски го чествува споменот на патрон-светецот - Канал 5

Манастирот Свети Јоаким Осоговски го чествува споменот на патрон-светецот

Овој ден се слави во кривопаланечко како ден на патрон-светителот на градот.

Манастирот Свети Јоаким Осоговски го чествува споменот на патрон-светецот

Светата православна црква денеска го чествува споменот на Свети Јоаким Осоговски, а во манасторот кај Крива Паланка што го носи името на овој светител, се очекува маса верници да го посети манастирот, да присуствува и на светата архиерејска литургија и во текот на денот да се поклонат пред светецот закрилник на вековното духовно светилиште и на градот.

Честувањето ќе започне во девет часот, со света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот кумановско-осоговски, г. Григориј, во сослужение со архиерејите од Кумановско-Осоговска епархија на МПЦ-ОА.

Светиот Јоаким Осоговски се подвизувал во втората половина на единаесеттиот век, во местото Сарандопор, село Градец, кривопаланечко, каде и се упокоил. По неговата смрт била изградена манастирската црква кадешто биле положени неговите свети мошти, за да веднаш потоа крај нив започнат да се случуваат многубројни чуда. Луѓето од сите краишта и по многу векови, до ден денешен, доаѓаат во овој манастир и црпат исцеление и помош преку молитвите на светиот отец Јоаким Осоговски.

Овој ден се слави во кривопаланечко како ден на патрон-светителот на градот, надоврзувајќи се на честувањата на вчерашниот голем празник, Успение на Пресвета Богородица, еден од главните празници во црковната година, што свечено се прославува и овде, во манастирот кадешто, покрај големиот храм посветен на свети Јоаким Осоговски, се наоѓа и црквата со лековита вода, посветена на Успението на Мајката Божја.

Во текот на вчерашниот ден во храмовите на манастирскиот комплекс се одржа Божествена Литургија на која присуствуваа голем број верници, а многумина по литургијата се причестија со светите Христови тајни.

Во пресрет на празничните денови во месноста Мартиница, кривопаланечко, на иницијатива на група граѓани беше поставен и осветен голем православен крст што ја осветлува Крива Паланка, а општината во чест на празничните денови организира и културна програма, концерти и уметнички перформанси за сите посетители на градот во овие денови со кои се заокружува августовската програма на „Кривопаланечко културно лето“.

На градскито стадион во Крива Паланка вечер и утревечер ќе се одржат музички концерти на кои ќе настапат повеќе балкански музички ѕвезди, а градот се очекува да го посетат неколку десетици илјади туристи и гости од земјава и соседството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно и топло

Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла

Два големи пожари беснеат во Македонија.

Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла

Пожарот во делчевското село Бигла кој изби откако неодговорно лице утрово околу 10 часот палело гуми во својот дом, па ја зафатил блиската борова шума, е ставен под контрола, а нов пожар попладнево има во околината на Пехчево, кон Бугарска граница. Првиот човек на ЦУК вели дека во справувањето од пламените јазици во Бигла се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а ангажирани се локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите. Од страна на градоначалникот веднаш биле ангажирани просторните сили на Делчево, а на терен се и пожарникари од градот. Побарана е помош и од соседните противпожарни единици.

Пожарот во Палиград на планината Китка се уште е активен, селото е безбедно но поради тешко пристапниот терен, гаснењето е комплексно.

Големиот пожар кој што синоќа се закануваше на мариовско бонче, а денеска еден крак повторно се разгоре, е конечно изгаснат.

Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија.

Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија..

Состојбата со пожарите е ислучително лоша, Ангелов апелира до граѓаните особено да бидат внимателни..

Денеска Македонија бележи 20 шумски пожари. Дел од нив ставени под контрола. Екипи на ДСЗ остануваат на терен да дежураат пожарите да не се активираат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.

Огромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен Хрват

Кокаинот е пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран.

Галиција е важна рута за шверц на кокаин

Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка.

Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали некоја од групите од таа област е вклучена во случајот.

Полицијата со часови го претресуваше имотот и пловилата

Полицијата со часови го претресуваше имотот во саботата, а за време на операцијата провери и неколку пловила.

Меѓу уапсените е и Р. Р. Г., член од втора генерација на криминалниот клан Ос Фанчос, кој е присутен во областа А Побре со децении, објави весникот.

На Хрватот му се припишува улогата на надгледувач

Истражителите ја припишуваат улогата на надгледувач на неименуван хрватски државјанин.

Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити своите интереси. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови.

Сè уште се бара бродот што се користел за транспорт на дрогата

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат кој брод го транспортирал кокаинот до брегот. Бродот што се користел за истоварување сè уште не е пронајден, додека се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција.

За време на претресот, полицијата отстранила бали што содржат кокаин од објектот. Истражителите проценуваат дека тежината е околу 1.500 килограми.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер