КултураМанастирот „Пресвета Богородица-Пречиста" утре го слави својот патронМанастирот „Пресвета Богородица-Пречиста" утре го слави својот патрон Рождество на Мајката Божја или кај народот попозната како Мала Богородица.За одбележување на патрониот празник во манастирот ќе биде организирана програма со почитување на сите мерки пропишани за здравствена заштита и превенција од коронавирусот, поточно задолжително носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција и почитување на потребното социјално растојание. -По повод патрониот празник на манастирот„ Пресвета Богородица-Пречиста", вечерва наспроти денот на Рождеството на Мајката Божја, ќе биде отслужена вечерна богослужба. По вечерната богослужба во 18:30 часот, ќе се отслужи Акатист на Пресвета Богородица На самиот празник ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7:30 часот а Светата Архиерејска литургија ќе започне во 9 часот и со која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј во сослужение со еромонаси од Бигорскиот манастир и Кичевското архиерејско намесништво-информира свештеникот Александар Крстаноски. За овој ден традиционално манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста" е посетен од голем број верници од сите градови од земјава, кои при посетата палат свеќи и се молат за здравје,го даруваат манастирот со разни подароци, а не мал број на верници манастирот го даруваат и со жив добиток. Од старешинството на манастирот уште еднаш ги замолуваат сите поклоници кои ќе го посетат манастирот, да се придржуваат до сите мерки за заштита од коронавирусот. Инаку секоја година на овој празник се избира кум на манастирот, кој на храмот ќе му служи во наредните 12 месеци. Низ годините и вековите, бурна историја е поврзана за овој преубав верски храм, манастир со најголема црква во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
АвтомобилизамВидео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година. Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна. McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен. McLaren’s manual supercar revealed! Say hello to the McL 6GT. pic.twitter.com/bzT0ZAs59N — Motor1 (@Motor1com) August 14, 2026 Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Кози „ без билет“ се возат со автобусДве избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците, козите одлучиле да се качат во автобус на јавниот превоз.Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата. Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар. Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.Тагови: коза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook