3Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери
Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
2Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
МакедонијаМанасиевски: Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронтСрпските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронт, Заев и Башановиќ со директни насоки и упатства.Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства. Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра. Имено, станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според јавно достапните информации, знаеме дека е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која инаку е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДС на Заев. Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ, затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот. Според јасните инструкции и насоки од Башановиќ и Заев, тројката составено од Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ, се имаат сретнато на средба во Скопје на која било дискутирано за натамошните дејствија на овој таканаречен опозициски фронт во Србија. Почитувани граѓани, За жал, СДС се става на услуга на друга партија во друга држава, додека нивната партија во Македонија има рејтинг кој се мери на една шака. СДС предводена од чиракот на Заев, Филипче и неговиот послушник Димитријевиќ, за жал се распаѓа поради послушноста кон врховниот лидер Заев, чиј доказ е неговиот пречек на роденденот на СДС. Се додека СДС не се дистанцира и огради од Зоран Заев, нема да застане на нозе. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ https://we.tl/t-g5Nd3iczJn8hr2GB Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМаск е побогат за 202 милијарди долари- огромна разлика меѓу него и вториот најбогат на светотФорбс ја објави својата најнова листа на десетте најбогати луѓе во светот, заклучно со полноќ на 1 септември.Десетте најбогати луѓе имаат вкупна нето вредност од 2,8 трилиони долари, во споредба со 2,6 трилиони долари еден месец претходно. Маск повторно е на врвот Илон Маск повторно е на врвот, а во август додаде уште повеќе на своето богатство. Акциите на SpaceX и Tesla пораснаа за 33 проценти и 18 проценти, соодветно, во август. Тоа се огромни 202 милијарди долари од богатството на Маск. Неговата моментална нето вредност се проценува на 892 милијарди долари, што го става Маск близу до историскиот праг од 1 трилион долари. Ова е особено интересно со оглед на тоа што Маск претрпе огромен пад на своето богатство во јули, губејќи 363 милијарди долари за само еден месец. Разлика што речиси изгледа нереална На второто место е Лари Пејџ, еден од основачите на Google, со богатство од 277 милијарди долари. Следен е Џеф Безос, основачот на Амазон, со 268 милијарди долари, додека неговиот поранешен бизнис ривал од Гугл, Сергеј Брин, е на четвртото место со 256 милијарди долари. На петтото место е Мајкл Дел, основачот на Дел Технолоџис, со 241 милијарда долари, а на шестото е Марк Закерберг, основачот на Мета, со 197 милијарди долари. На листата се и Лари Елисон од Оракл со 193 милијарди, Јенсен Хуанг од Нвидија со 191 милијарда, Стив Балмер од Мајкрософт со 155 милијарди и Амансио Ортега, основачот на Зара, со 148 милијарди долари. Сепак, она што е особено впечатливо е огромната разлика помеѓу првото и второто место. Маск е побогат од второпласираниот Пејџ за дури 615 милијарди долари. Со други зборови, разликата помеѓу двајцата е поголема од комбинираното богатство на речиси секој поединец рангиран од третото до десеттото место на оваа листа. Така, Маск продолжува да доминира на врвот на листата на милијардери во светот, додека неговото богатство се приближува до ниво што никој друг досега не го достигнал до овој степен.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре многу топло време со температура до 35 степени, наместа со дожд и грмежи Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 45 Струмица. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 20 Попова Шапка, 26 Крушево, 28 Берово, 29 Маврови Анови, 31 Претор, 32 Охрид, Крива Паланка, Битола, 33 Прилеп, Виница, 34 Тетово, 35 Штип, Струмица, 36 Зајчев Рид, Кавадарци, Велес, 37 Гевгелија, Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во Струмица имаше невреме со јак пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Нестабилност со пороен дожд и грмежи имаше и во некои планински предели. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМексиканец се обидел да прошверцува 200 гуштери во Јапонија, спакувани во 22 чорапи- вредат стотици илјади долари Мексиканец е уапсен на аеродромот Ханеда во Токио откако царинските службеници пронајдоа околу 200 гуштери спакувани во 22 пара чорапи во неговиот куфер. Даниел Исак Веласко Балтазар, 23, е обвинет дека неодамна се обидел да ги прошверцува влекачите во Јапонија од Јужна Кореја без да ги пријави, а полицијата во Токио соопшти дека Даниел признал дека ги увезувал без дозвола. Еден од гуштерите бил мртов кога бил отворен случајот, а девет од нив биле мексикански алигаторски гуштери, познати и како дрвени алигаторски гуштери, вид кој живее исклучиво во планинските шуми на Мексико и бара дозвола од владата за каква било прекугранична продажба според Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови. Осомничениот им рекол на истражителите дека ги купил гуштерите во Мексико за цена помеѓу 560 и 750 јени секој (околу 3 до 4 фунти). Животните се ретки во Јапонија и се продаваат за околу 100.000 јени (520 фунти). Полицијата во Токио добила дојава кон крајот на јули 2026 година дека мексикански државјанин се обидува да ги прошверцува гуштерите во земјата. Царинските службеници во Ханеда беа во состојба на готовност и го претресоа куферот на Балтазар, каде што ги пронајдоа животните завиткани во чорапи и маици. Куферот содржеше и други видови гуштери, а властите сè уште се обидуваат да утврдат за кој вид станува збор. Мексиканските алигаторски гуштери се светло зелени и бавно се движат и живеат во боровите и дабовите шуми на Сиера Мадре во централно Мексико, каде што сечата и собирањето за трговија со домашни миленици го десеткуваа видот, кој е класифициран како загрозен, според Индепендент. Јапонија е еден од најголемите пазари во светот за егзотични влекачи, а запленувањата на шверцувани животни на аеродромите не се невообичаени.Тагови: гуштери јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00