Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога - Канал 5

Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога

Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква.

Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик.

Одиме со ред. Еве кои се „децата на Македонија“ според Филипче, со кои тој вчера се сликаше.

Ве поканувам заеднички да го проследиме видеото.

Почитувани,

Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица, ова е кривична пријава од 2024 година за којашто тој и Илија Стојанов се условно осудени на година и пол условна казна затвор.

Илија Стојанов, пак, освен што учествувал во тепањето на плоштадот заедно со внукот на Вице Заев, условно е и осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, а тоа е "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

Одиме понатаму, човекот до Филипче, организациониот секретар на СДС, Зоран Трифуновски, е лице кое, според јавно достапните информации, се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки, а токму Филипче го постави на висока партиска позиција. Инаку, тој бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а претходно, во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

Почитувани граѓани,

Вакви ликови како Трифуновски, или пак Ефтимов и Стојанов, на кои местото не им е во политиката, во името на СДС морализираат пред македонската јавност.

Ова ли се децата на Македонија според Филипче?

Не, токму ова е талогот на општеството.

Ова е срамот на Македонија. СДС, Филипче и неговите луѓе се срам за Македонија.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа.

Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат.

ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт

Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки.

Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања.

ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте.

Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово

Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава.

„Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со Lidl. Вложуваме во внимателен избор на кандидатите, во нивниот професионален развој и во создавање работна средина во која секој од нив ќе има можност да учи, да напредува и да се чувствува ценет“, изјави Теодора Хаџи-Димова-Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија.

Секој нов вработен минува низ јасно структуриран процес на воведување во работата. Oбуките траат од шест до осум недели, зависно од работната позиција и се насочени кон стекнување практични знаења и вештини, со постојана поддршка во текот на целиот период на обука.

Со над 400 вработени во земјава, Lidl обезбедува стабилност и можност за кариерен развој во рамките на еден од најголемите европски малопродажни синџири. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква работна средина секој вработен е важен дел од тимот, а учењето, развојот и меѓусебната поддршка се препознаени како основа за долгорочен успех.

Компанијата продолжува со вработувања и во наредниот период, а повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко.

Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката

Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка.

На средбата министерот Серафимовски потсети на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна.

„Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски.

На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта.

Министерот Серафимовски истакна дека секој земјоделец, независно дали настапува индивидуално или преку здружение, има право неговите аргументи да бидат разгледани сериозно и одговорно.

„Зад секој предаден килограм стојат вложувања, труд и приход на едно земјоделско семејство. Затоа разговорот за откупот не смее да се сведе само на бројки, туку мора да ја опфати и одговорноста на секој учесник во синџирот. Секој земјоделец што се соочува со реален проблем е легитимен соговорник “, порача министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки.

Во текот на наредната недела министерот Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети, со кои ќе разговара за расположливите капацитети, планираните количини за откуп и можностите за пласман на годинашната реколта на пиперката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер