Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии - Канал 5

Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии

-СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии

СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев.

Судството е во ваква очајна состојба со 2% доверба, затоа што Заев, Филипче и СДС ги купуваа судиите со проекти и пари, а тие за возврат свиреа како што ќе им се диригираше.

Нанев беше омилен судија на Заев и Филипче, па така тој експресно напредуваше во времето на СДС, затоа што ги извршуваше нивните насоки. За извршување на насоките и послушноста, Нанев добил и награда.

Димова како директорка на Агенцијата, му доделила проект, на сега веќе разрешениот, судија Лазар Нанев, проект од делот на Европските фондови КА201, кој е со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра.

Невладината која го доби овој проект е приватна организација на Нанев, во која само тој фигурира. Ниту има вработени, ниту пак има некои други овластени лица.

Патем, Нанев е човекот кој беше задолжен за ревизија на АКМИС-от во Министерството за правда во свое време и висок функционер во судската власт. Исто така, Нанев беше судија кој водеше случаи против поранешни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, работејќи по насока на Зоран Заев.

Додека во Германија, вакви проекти се даваат на Институтот Гете или пак Фридрих Александар Универзитетот, во нашата држава Зоран Заев и СДС купуваа судии и влијанија со парите од Националната Агенција Еразмус +.

Димова никогаш не одговори за што беа одобрени овие нешто над 7 милиони денари или околу 120 илјади евра. Како невладина организација од само еден човек, притоа судија, добива проект на невообичаен начин виден во тоа време. Дали Нанев овој проект го добил на база на награда за прогоните кои ги вршеше врз политичките опоненти?

Почитувани граѓани,

Ова беше начинот на којшто Димова, Заев и СДС, ја водеа државата. Со купување на судии и на обвинители. Затоа сега судиите ги штитат и не ги судат.

Затоа довербата е 2% во правосудството. СДС, Филипче и Заев, знаат само за поткуп, криминал и корупција.

Затоа на нив сега им смета кога некој си ја работи чесно својата работата. Сега доаѓа времето на правдата и чесноста!

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела.

„Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“.

За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот.

„Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ.

Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.

„Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски.

Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава.

Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер