3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаМанасиевски: СДС и Филипче лажно се претставуваат како проевропска опција, додека Европа ги демантира за секоја нивна лагаСДС и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени.СДС и Филипче се претставуваат како проевропска партија, а нивните лаги и манипулации постојано се демантирани од европски институции и европратеници. Ако навистина се проевропски, зошто Европа постојано ги демантира? Последен пример е и лагата за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија, господинот Томас Вајц. СДС ја спинуваа неговата изјава, а тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда. Исто беше и со хистеријата што ја ширеа за ИПАРД средствата. И таа манипулација беше демантирана преку известување од Европската Комисија. Додека Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит. Тоа е директно омаловажување на еден од темелите на македонската државност. И откако ќе излажат, никому ништо, нема извинување, напротив продолжуваат да ја повторуваат истата лага мислејќи дека само така таа ќе стане вистина. СДС со Венко Филипче е истиот оној СДС со Зоран Заев. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаЕден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и ОхридНи помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини. „Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метриПодводната пештера Врело во кањонот Матка испиша историја и стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот. Рекордот е постигнат од страна намеѓународен тим спелео-нуркачи, кој достигна максимална длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред дсоегашните лидери, односно локалитетите од франција и Италија. Како што соопштија од спелео-нуркачкиот клуб, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да продре на длабочина, за 51 метар повеќе од досега истражената. Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Рекордното нуркање го извршил полскиот спелео-нуркач Бартло-Миеј Питала, а целата операција траела девет часа. Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилствоГлавната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар. Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир. На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter