Манасиевски: СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката? - Канал 5

Манасиевски: СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката?

СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

Манасиевски: СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката?

СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на СДС, според јавно достапни информации бил човекот кој ги споил Зоран Заев и тогашниот премиер на Грција, Ципрас за Македонија да го промени уставното име?

Дали истиот овој човек кој денес преку СДС и Филипче плука по сите, бил одговорен за зделки во делот на енергетиката во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била токму од Грција?

Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Денес продолжуваат да го водат СДС, и да го омаловажуваат, дискриминираат и навредуваат македонскиот народ.

Ова е уште еден доказ дека Филипче е само обичен чувар на фотелјата на Заев, и е користен од Башановиќ да го напаѓа Вучич.

И за крај, дали е вистина дека Башановиќ се враќа да соработува со СДС затоа што Заев му исплатил стари долгови? СДС е на потег да одговори.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоа

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез отворено проговори за своите неуспешни бракови, вклучително и за разводот од холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек.

Џенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоа

Таа призна дека, по нејзината најнова разделба, морала повторно да ги преиспита сопствените одлуки и да научи како да пронајде среќа без партнер.

Гостувајќи во подкастот „Friends Keep Secrets“ – како што пренесува „Page Six“ – Лопез го опиша разводот од Афлек како разочарување на секое ниво. Таа откри дека со години преминувала од една сериозна врска во друга, верувајќи секојпат дека ја пронашла личноста со која ќе го помине остатокот од својот живот.

„Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, раскажа таа. Како што објасни, овие разделби ја оставиле целосно скршена – до тој степен што, во одредени моменти, немала сила дури ни да стане од кревет. Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Како резултат на тоа, морала да научи да се сака себеси.

Лопез призна дека дури ни големата популарност не ѝ помогнала да се ослободи од чувството на осаменост.

– Долго време бев славна и се чувствував малку изгубено во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други луѓе, но сепак, на некој начин, сте осамени – рече таа.

Лопез првпат стапи во брак со Оџани Ноа во 1997 година, а нивниот брак заврши во 1998 година.

Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џад. Во трет брак стапи со пејачот Марк Ентони. Заедно ги имаат 18-годишните близнаци Макс и Ема, а се разведоа во 2014 година.

На почетокот на 2000-тите беше свршена со Бен Афлек, но раскинаа во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка во Џорџија. Бракот официјално заврши на почетокот на 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

Санте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминал

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи.

Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа.

Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата.
Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна.

Канал 5 ТВ Интернет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. 

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер