Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаМанасиевски: СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судски совет за 120 илјади евра СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судски совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто.СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто. Лазар Нанев е втор член на Судскиот совет по Наќе Георгиев, кој е фатен во коруптивна практика. Јавноста заслужува да знае, колку судии се унапредени, колку судии се поставени, а и колку се разрешени, со коруптивните одлуки на Нанев, и како тие влијаат на системот сега? Сепак, досега имаме само молк од СДС, зошто со европски пари купувале судии, молк и за тоа што барале за возврат. СДС и Заев, преку Лидија Димова, тогашна директорка на Агенцијата Еразмус +, доделиле грант од 120 илјади евра, на судијата Лазар Нанев, кој го добил проектот, преку неговата невладина организација која била составена само од едно лице, самиот Лазар Нанев. Имено, проектот кој бил дел од Европските фондови КА201, бил со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра. Дали СДС преку Нанев и подарокот во вид на грант од 120 илјади евра, си ги заштитиле своите сопартијци кои направиле криминал? Дали самиот Нанев има ургирано да не се водат постапки против членови на СДС за кои јавноста се сомневала дека имаат направено одреден криминал? Жално СДС не е на власт, можеби и Коцевски ќе требаше да добие еден ваков грант. Шегата на страна, ваквите чекори на Заев и на СДС го уништија и партизираа судството, но и институциите. Сега кога криминалот на СДС, Заев и Димова излегува на површина, тие се најгласни. 7 години беа на власт, можеле преку Нанев да ургираат да ги апси нивните опоненти. Јавноста е свесна дека ако имало некаков криминал, СДС сигурно ќе апсеше партиски опоненти како што правеа со Гордана, со Миле или пак со Спиро. Со видео снимки и во раните утрински часови ќе влегуваа по домовите. Времето на ова криминално владеење на СДС, Заев и Филипче заврши. Во следните денови ќе продолжиме да објавуваме како СДС ја злоупотребуваше Агенцијата и зошто всушност тие се исплашени! Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производителиСаемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е посветен на промоцијата на домашното производство и на можностите за развој на руралниот туризам. Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и да го вложат во развојот на своите стопанства, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешното отворање на саемот „Вкуси ја традицијата“, кој денес се одржува кај Школка во Градскиот парк во Скопје. „Млад технолог може да осмисли нова преработка од локално овошје, а некој со познавање на дигиталната трговија може да им помогне на малите стопанства да стигнат до потрошувачи во други градови“, рече министерот Серафимовски. Тој истакна дека се разработува модел што ќе ги поврзе истражувањата на факултетите и институтите со земјоделските политики, за производителите да добијат практични препораки за одгледување во услови на суша и високи температури. Како приоритет го издвои и зачувувањето на автохтоните сорти, кои им даваат препознатлив вкус на дел од домашните производи. „Предлагаме појасни правила за договорното производство и за организираниот откуп, со писмен договор во кој условите за испорака и рокот за плаќање ќе се утврдат однапред. Предвидуваме и поддршка за здружување, за помалите стопанства да настапуваат со заедничка понуда и да преговараат од посилна позиција“, додаде министерот Серафимовски, осврнувајќи се на Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи. Саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е посветен на промоцијата на домашното производство и на можностите за развој на руралниот туризам. Програмата на манифестацијата опфаќа дегустации на традиционални и органски производи, како и музички и фолклорни настапи. Настанот го организира здружението „Ж’та“ од Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое обезбеди еден милион денари преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.Тагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter