Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик - Канал 5

Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик.

Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус.

Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Но, кога требаше договорот да биде финализиран, СДС, Левица и ДУИ решија да се повлечат и да го блокираат целиот процес.

Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората.

Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободни

ВМРО-ОКГ и Мицкоски повторно ја врти плочата: Врховниот суд ја укинал пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – и сето тоа е „судство под контрола на СДС“.

СДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободни

Класична проекција на арамијата Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Две и пол години сте на власт.

Вие ја презедовте полицијата.

Вие ја презедовте АНБ.

Вие ги презедовте обвинителствата.

Вие ги презедовте судовите.

Вие ги именувате кадрите.

Поставувате сопруги на функционери на ВМРО-ОКГ, кадри на Сашо Мијалков, советници на Мицкоски, партиски послушници.

Вие седнувате до државниот обвинител и испраќате закани за „расчистување со талогот“.

Мицкоски, преку телефон, телевизија и собраниската говорница, нарачува истраги.

Менува и избира обвинители преку телевизија. Ги навредува поранешните обвинители и ги нарекува медиокритети.

Вие ги ослободувате Латас и Груевски. Вие си го враќате имотот стекнат преку криминал, измислувајќи апелациски дефиниции…

Сето тоа го правите вие и Мицкоски, вашиот шеф на бандата.

А сега, кога некоја одлука не ви одговара - повторно е „вина на СДС и ДУИ“.

ДУИ со кои договарате вонредни избори?

Кога вашиот возач зема мито – се оградувате.

Кога телохранителот на Мицкоски тепа жена – вие го ослободувате.

Кога 5 тони дрога ги испраќате преку граница до сестринската СНС и Вучиќ – нема одговорни.

Ги отфрлате пријавите до обвинителството за Мицкоски и членовите на бандата преку ноќ.

Пријавите за труење на водата стојат во обвинителството и никој не ги гледа.

Кога вашите кадри се вмешуваат во тендери – молчите.

Кога вашите луѓе имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – молчите.

Кога вашите министри го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – молчите.

Но кога судска одлука не ви се допаѓа – веднаш е „контрола на опозицијата“.

Сакате да го прикриете фактот дека институциите сега се под ваша контрола и дека правдата е селективна - за вашите луѓе една, за другите друга.

Но, не може.

Сите веќе знаат.

СДСМ бара едноставно:

Независно судство.

Независно обвинителство.

Еднаква примена на законот за сите - без разлика дали се викаат Мицкоски, Јанушев, Тошковски или некој друг.

Затоа СДСМ ја сака Европа, затоа што Европа носи независно правосудство и европско обвинителство.

А затоа вие не ја сакате Европа, бидејќи тогаш вашата организирана криминална група, со шефот Мицкоски, веќе би била зад решетки.

Додека тоа не се случи, додека не се ослободат институциите, а власта не се врати во рацете на народот, секоја приказна за „судство под контрола на СДС“ е само уште една лага од организираната криминална група што ја зароби државата.

Да е правосудството слободно, вие немаше да бидете слободни.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер