Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата - Канал 5

Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии.

Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии.

Венко Филипче е единица мерка за неспособност. Како министер за здравство, Филипче успеа да го крахира системот во здравството. Филипче, не успеа навремено да набави ниту вакцини за сезонски грип, ниту вакцини за ковид. Додека народот умираше, Филипче мислеше само на провизии.

Да ја потсетиме македонската јавност, дека неспособниот Венко Филипче, во моментите кога Македонија имаше најголема смртност по глава на жител од ковид, Филипче со месеци доцнеше на македонските граѓани да им набави вакцини. Зошто? Затоа што тој мислеше само на провизиите.

Освен што доцнеа вакцините за сезонски грип, доцнеа и за ковид. Бидејќи неспособниот Филипче мислеше на провизиите, а народот умираше, вакцините доцнеа со месеци. Првите вакцини во Македонија стигнаа дури на крајот на март 2021 година, преку ковакс механизмот, односно донации. Впрочем, мандатот на СДС помина во донации. Ете, ова е неспособноста на Филипче и СДС.

Вакцините доаѓа како донации, бидејќи Филипче наместо да договори набавка на вакцини, тој договори провизии. Филипче треба јавно да одговори каде требало да завршат тие 6 милиони долари од набавката на вакцини од фантом фирмата Стабри?

Доцнеа тестови, доцнеа медицински опреми, ракавици и маски. Само договорите за тендерите на Филипче не доцнеа. Тие беа навремени и договарани во 4 очи. Во ек на ковид криза, каде што илјадници наши сограѓани ги изгубија животите, Филипче мислеше на провизии.

Почитувани,

Неспособноста и алчноста на Филипче за своите бизнис интереси, одеше дотаму да претседателот на најголемата опозициска партија во тоа време, набави вакцини преку донација од своите странски партнери. Да, тоа беше претседателот Мицкоски и нашите партнери од Унгарија кои веднаш се понудија да помогнат, гледајќи ја неспособноста на Филипче и СДС. Зошто? Затоа што Филипче и СДС мислеа на провизии, а не на граѓаните.

Филипче и СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства. Филипче и СДС треба да и се извинат на македонската јавност. Филипче веднаш треба да си поднесе оставка.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

притисни ентер