3„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаМанасиевски: Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од партијаМојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица.Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови. Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто законски добиваат патни трошоци, таа од сопствената партија од 2021 година до денес, инкасирала над 600 илјади денари. Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие пари се партиски патни трошоци? Колкаво е лицемерието на Мојсоска и Левица да од една страна ги напаѓа колегите пратеници, а од другата, од сопствената партија зема над 600 илјади денари? Мојсоска и Левица се прочитани. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Манасиевски: Филипче и СДС се уште не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиер Прашање: Може ли ваш коментар за фотографиите кои излегоа по социјалните мрежи во кои се вели дека виновници за пожарот во Кочани се Мицкоски, Тошковски и Јанев? Одговор: СДС и Венко Филипче не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиерот. Дали тоа значи дека СДС и Венко Филипче повикуваат за линч на премиер, на министер за внатрешни работи и на директор за јавна безбедност? Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, единствено нешто што понудува Венко Филипче и СДС се подметнување на пожари и еве овие фотомонтажи зад кои сметаме дека тие стојат. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветАларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризамБританската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс. Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот. Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“. Истрагата за наводниот заговор е во тек. Извор: Б92Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook