Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии
2Фото: Мадона предизвика хаос во Грција: Поради нејзината посета се затвораа улици, таа посети манастири и кршеше чинии
МакедонијаМанасиевски: Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измениФилипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур.Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени, Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур. Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче плати прескапа цена со промена на Уставното име на државата. Затоа, овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ - нема да има. Уцени и диктати како што биле прифаќани до сега, со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да има. Македонија и граѓаните немаат право повторно да бидат излажани. Нема повторно да се прават отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека тие отстапки навистина ќе значат напредок во евроинтегративниот процес. Затоа, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, нека му пренесе на Радев дека додека не видиме испорака од нивна страна, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
БалканВирусот Западен Нил се шири во Грција, 13 мртвиБројот на луѓе заразени со вирусот Западен Нил нагло расте во Грција.Од почетокот на годината се регистрирани 157 случаи, а 13 лица починале, објавија грчките здравствени власти. Според податоците од грчкиот Институт за јавно здравје „EODY“, бројот на случаи е речиси четирикратно зголемен за само неколку недели. На крајот на јули беа пријавени 42 случаи. Повеќето од случаите се откриени во пошироката област на Атина. Некои пациенти развиле тешки форми на болеста кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи енцефалитис, менингитис и други невролошки компликации. Комарците го пренесуваат вирусот Вирусот Западен Нил се пренесува преку комарци. Повеќето заразени лица немаат никакви симптоми или развиваат само благи симптоми, додека тешките форми на болеста најчесто се јавуваат кај постари лица и лица со претходно постоечки болести. Други делови од јужна Европа, исто така, пријавуваат зголемување на бројот на инфекции, поради што Светската здравствена организација повика на зголемена претпазливост. Фото: ВИТагови: грција Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаМицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДПЕкономијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она коешто нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото, којашто исто така е над 30% споредено со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата.“ Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна: „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Што е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за 120 милиони евра БДП за овие две години е поголем отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа, јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови — три спрема еден. Отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да. Но, имајќи предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме на прво или второ место кога станува збор за овие параметри.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ЗабаваФото: Славен модел во секси бикини Една од најубавите жени на светот во последните две децении, славниот модел Алесандра Амброзио ужива во друштвото на своето момче, но и на својот омилен терен, играјќи одбојка на песок и предизвикувајќи воздишки со својот нестварен изглед.45 годишната Алесандра Амброзио ја покажа својата завидна фигура во провокативно сино-бело бикини додека уживаше на плажа во Лос Анџелес во неделата. Неодамна, нејзиното момче Бак Палмер ја запроси оваа заводлива Бразилка, а таа набрзо се пофали со фотографии на кои се гледа скапоцен прстен. Позната и како љубителка на одбојка на песок, Алесандра набрзо му се врати на своето хоби и уживаше во играта на теренот со пријателите. Таа ја покажа својата атлетска страна, истакнувајќи го затегнатиот стомак и долгите, извајани нозе додека играше одбојка во сини шорцеви со висок струк. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter