Манасиевски: Лошиот рејтинг на СДС и Филипче благодарение на ПР-от на Башановиќ, не го допира Филипче, тој слуша насоки од Заев - Канал 5

Манасиевски: Лошиот рејтинг на СДС и Филипче благодарение на ПР-от на Башановиќ, не го допира Филипче, тој слуша насоки од Заев

​Лошиот рејтинг на СДС од 4,9% и 3,6% на Филипче поради новиот ПР шеф на СДС Зоран Башановиќ, не го допира Филипче, бидејќи тој живее во свој паралелен универзум.

Манасиевски: Лошиот рејтинг на СДС и Филипче благодарение на ПР-от на Башановиќ, не го допира Филипче, тој слуша насоки од Заев

СДС и Филипче со месеци ги лажеа граѓаните дека новите анкети ќе покажат пад на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а таа доверба кон СДС ќе се зголемела. И ова секојдневно го повторуваа со месеци на прес-конференции.

Но, со последната анкета која излезе во јавноста, повеќе од јасно е дека СДС на следните избори ќе се соочи со многу лош резултат, односно не би не изненадило доколку освојат помалку од 100.000 гласови.

На Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои поради насока на Заев се таму и го уништуваат СДС. Венко Филипче поради послушност кон Зоран Заев, ова и го дозволува.

Дека Филипче е се уште послушник кон Заев и неговите луѓе се дел од таканаречените нови структури на СДС, е поставувањето на Стојан Коциров за директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која важи за блиска фирма на семејството Заеви, односно Вице Заев до пред само некоја година ја водеше оваа фирма.

Се додека Венко Филипче го води СДС, а партијата и натаму не се оградува од Заев, СДС нема да може да се реформира и ќе продолжи да тоне.

ВМРО-ДПМНЕ останува партија со најголема доверба кај граѓаните со 24%. Продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за граѓаните.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер