МакедонијаМанасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашањаИмено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони ж.Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите на една од моите прес-конференции кои сум ги имал биле неточни, поточно за кусокот на жито од Агенцијата за стокови резерви и за доделување на грант за фирмата „Тргопродукт“, попозната со брендот МАМАС на Заеви, од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра. Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони жито од стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви и за тоа дека како член на владата било дадено 1,4 милиони на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“. Наместо со факти да демантира, тој не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка. Љупчо, остави ја душевната болка на страна. Ти си политичар. Ако толку лесно душата ти е повредена, повлечи се од политиката. А ако сепак остануваш, тогаш дај факти дека на Заеви не си им дал 1,4 милиони евра. Николовски кој бил вицепремиер за борба против корупција, денеска малку контрадикторно функционира. Во тужбата што ја упатува кон мене, направил Вешт наод и мислење за душевно страдање, психичка болка и нарушување на честа и угледот кај него, односно кај лицето Љупчо Николовски, изготвен од страна на Проф. Д-р Стојан Бајрактаров, доктор специјалист психијатар, лиценциран судски вештак со лиценца. Зошто ова го говорам? Затоа што има индиции дека тој негов наод, изготвен од овој човек овде на сликата доле, Проф. Д-р Стојан Бајрактаров кој имено бил член на СДС, а исто така и повеќе пати бил донатор на партијата. Значи докторот кој го прави Вештиот наод дека лицето Љупчо Николовски бил душевно болен односно страдал од моите прес-конференции, повеќе пати бил донатор на партијата СДС. Ќе ми дозволите само да ги покажам, еве и тука има уште. И што е најважно токму во времето кога генерален секретар на партијата е Љупчо Николовски. Ете заради ова сметаме дека е пристрасно и под влијание од страна на тужителот од причина што вештото лице кое го изготвило овој Вешт наод и мислење е долгогодишен член на СДС, донатор токму во времето кога тој бил генерален секретар на партијата, и дополнително бил именуван и како Директор на клиниката за психијатрија токму во владата на Зоран Заев, каде тужителот односно Љупчо Николовски, во тие моменти бил Министер за земјоделие. Одиме понатаму. Господинот Николовски, вели дека моите прес-конференции предизвикале душевна болка и страдање кај него, па би сакал да упатам прашање до господинот Николовски, зошто не земал боледување за истото или пак да се повлече од политиката, бидејќи моето лично мислење е дека лица кои имаат односно добиваат душевна болка и страдање од прес-конференција, не само што не треба да се бават со политика, напротив не треба ниту да извршуваат високи државни функции како што е функцијата пратеник. Еве го во моментите кога господинот Љупчо Николовски бил душевно болен. Гледаме како дава изјави на телевизија, гледаме како оди на конгрес и на неговата партија, гледаме овде понатаму како со актуелниот градоначалник на Крива Паланка се смеат, што според нас не сметаме дека му придонело некое душевно страдање. Но би сакал и да поставам неколку прашања до поранешниот вицепремиер за борба против корупција и поранешен генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз. Дали е точна информацијата дека од јавноста крие, поточно во имотниот лист, дуплекс стан од приближно 180 метри квадратни во Дајмонд мол? Доколку оваа информација е точна би сакал да го прашам поранешниот вицепремиер за борба против корупцијата, зошто вакви важни информации крие, од каде му се финансиски средства за таков луксузно наместен стан, и зошто, доколку е негов, не му е вметнат во имотниот лист? Дополнително, дали се точни информациите кои стигнаа до нас од свиркачи, дека додека бил на висока владина функција, ги злоупотребувал услугите од државата, во случајот службените возила на СОЗР, поточно да патува од Скопје до Крива Паланка и назад, неколку пати во месецот само за да се шиша кај својот пријател, Мартин Поцевски, кој патем, потоа станува и советник, внимавајте, во Советот на општина Крива Паланка, од редовите на СДС од периодот од 2021 година до 2025 година. Понатаму, дали е исто така точна информацијата дека фирмата Лариком шпед, во сопственост на братот на Љупчо Николовски, Илија Николовски, имала зголемување од над 1100% приход токму во времето на министерувањето на Љупчо Николовски, кој со своето претпоставувам влијание овозможил преку граничниот премин Деве Баир, пратките да ги презема фирмата на неговиот брат? Во 2018 година истата компанија имала приходи од 4,3 милиони денари, а во 2019 година приходите се 14,9 милиони денари, што значи дека отприлика за една година има раст од приходите за 10 милиони денари или раст на нето-добивка од 1.130 проценти. Нето-добивката од пола милион денари е зголемена на повеќе од 6 милиони денари. Еве мене ме интересира и би сакал да дознаам од господинот Николовски како брат на вицепремиер добива зголемување од над 1100% за само една година без некој да има влијание врз истото. Би му порачал исто така и на Љупчо Николовски да даде одговори на овие прашања, но исто така и на прашањето за тоа дали грантот за фирмата Тргопродукт какде брендот Мамас во сопственост на Заеви е вреден 1,4 милиони евра од ИПАРД програмата е подарок за Заев и Филипче затоа што биле отпишани 2000 тони жито? Истото ова го повикувам и ЈО да го испита, да истражи што се случило со житото, зошто е отпишано, и зошто за да се пополни дупката во стоковите резерви е купено жито во вредност повисока од таа што била на берзите? До очекување на одговорите од страна на Љупчо Николовски, се гледаме на следното рочиште. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повтпорно воодушеви со својот секси изглед. Црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“ – латиноамериканката повторно „гори“Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата латино дива. Таа се појави во атрактивно модно парче кое, пак, откриваше навистина многу... Мегапопуларната Џеј Ло веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, како со своите изјави за разводот од Бен Афлек, така и со атрактивните модни комбинации. Неодамна имавме можност да ја видиме во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, а сега нè изненади со уште една креација во „гола“ нијанса. Овој пат таа се одлучи за модни парчиња од тантела, но, судејќи според фотографиите, воопшто не се срамеше да ги истакне своите атрибути. Имено, во четвртокот, Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес, а за забавата по настанот се пресоблече во црн, проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, кое го откриваше нејзината долна облека. Тоалетата носи потпис на познатата модна куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизАнџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земјаХоливудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена. По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении. За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај. Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни. Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст. Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале. Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“. Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници. Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците„Horch 930S“ од 1939 година е еден од најретките луксузни автомобили на светот. Има вграден мијалник со топла и ладна вода, седишта што се претвораат во кревет и V8 мотор.На прв поглед, изгледа како елегантен луксузен автомобил од 1939 година, но ова конкретно возило крие детал што би ги изненадил дури и денешните возачи. Станува збор за „Хорх 930S“ (Horch 930S) – автомобил опремен со вграден мијалник со топла и ладна проточна вода. Мијалникот се извлекува пред предниот браник, а топлата вода се обезбедува преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Да, да, добро прочитавте: автомобилот доаѓаше со вграден мијалник што можеше да се извлече пред предниот браник секогаш кога ќе се појави потреба. Особено интересно е решението за топла вода, која се загревала преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Ова им овозможувало на патниците во овој луксузен автомобил пристап до вода дури и за време на патувањето. Сепак, мијалникот е само еден од деталите што сведочат за големото внимание посветено на удобноста и практичноста. „Horch 930S“ имал врати што се отворале широко, без централен столб што би го попречувал влегувањето или излегувањето. Седиштата можеле да се спуштат за да се создаде простор за спиење, со што возилото станувало многу погодно за подолги патувања. Внатрешноста, исто така, привлекува посебно внимание. Контролната табла е изработена од полирано дрво и е збогатена со бројни хромирани детали, посебни тркалезни инструменти и часовник поставен во средината. Вратите имале хромирани рачки, додека панелите биле обложени со висококвалитетен текстил. Прозорците се отворале рачно, преку класичен механизам со рачка за вртење. Horch 930S поседуваше простран багажник, додека под хаубата се наоѓаше 3,8-литарски V8 мотор со моќност од приближно 92 коњски сили. Според денешните стандарди, ова можеби не изгледа импресивно, но мора да се земе предвид дека автомобилот потекнува од 1939 година – ера кога ваквите технички и луксузни карактеристики биле исклучително ретки. Токму поради овие причини, овој модел зазема посебно место во историјата на автомобилизмот. Произведени се само неколку примероци, што го прави Horch 930S еден од најретките луксузни автомобили од тоа време. И додека денешните производители се натпреваруваат во понудата на поголеми екрани, повеќе електронски системи и поудобни седишта, Horch – пред речиси 90 години – воведе концепт што и денес звучи неверојатно: автомобил опремен со сопствен мијалник и топла вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33