3Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
МакедонијаМанасиевски: Кацарска, позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионеритеДобрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите.Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите. Граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДС, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права. Судството кое сеуште е под диктат на СДС, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем. Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране ПетрушевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеГенерации што сè помалку се движат – Светската здравствена организација предупредува на сериозен проблем меѓу тинејџерите Без оглед дали станува збор за видеоигри, стриминг апликации или притисокот на училишните обврски, сè повеќе адолесценти ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено, при што секој четврти признава дека немал барем 1 час физичка активност неделно. Според истражување спроведено од научници од британски универзитети и Светската здравствена организација (СЗО), кое се заснова на анализа на податоци од анкети спроведени на 3,2 милиони деца и адолесценти од 140 земји, само 14% од младите на возраст од 11 до 17 години ширум светот изјавиле дека биле „физички активни“ секој ден во текот на претходната недела. Тинејџерите од Финска и Канада биле меѓу најактивните; околу 30 % од младите во двете земји навеле дека се занимаваат со физичка активност секој ден во текот на претходната недела. Адолесцентите од Британија и од скандинавските земји имале резултат нешто над глобалниот просек, со 17%, додека оние од Германија (13%), Франција(11%) и Италија(9%), се нашле на дното на листата. Посочувајќи на „значителни разлики меѓу земјите“, Светската здравствена организација истакнува дека во некои држави само 3 до 4 % од адолесцентите изјавиле дека во текот на претходната недела немале ниту еден ден физичка активност, додека во други, оваа бројка надминувала 40 %. „Физичката активност за време на адолесценцијата го подобрува сегашното и идното физичко и ментално здравје, и придонесува за превенција од незаразни болести“, напишале истражувачите во труд објавен во британското медицинско списание “The Lancet“. „Физичката неактивност е главен фактор на ризик за срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и одредени видови рак“, предупредуваат од Светската здравствена организација. Податоците, откриваат и дополнителни разлики во зависност од полот и возраста. Според бројките од Универзитетот во Оксфорд, 21% од момчињата во Обединетото Кралство се занимаваат со физичка активност најмалку 60 минути дневно, додека тој удел кај девојчињата е 13%. Понатаму, единаесетгодишните деца покажувале повисоко ниво на физичка активност од седумнаесетгодишните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗошто не е добро „да се спасува“ детето од секоја ситуација што му предизвикува страв?Кога детето чувствува вознемиреност, повеќето родители инстинктивно сакаат да го решат проблемот. Ваквите реакции, иако произлегуваат од љубов, можат да ја одржат вознемиреноста подолго време и да доведат до тоа детето подоцна во животот да се чувствува помалку сигурно, пренесува „Гардијан“ (The Guardian). Циклусот на семејно прилагодување Оваа појава, кога родителите го менуваат своето однесување, рутините или очекувањата за да му помогнат на детето да ја избегне или ублажи вознемиреноста, според психолозите и терапевтите се нарекува „семејно прилагодување“. Ова се случува кога родителот одговара наместо срамежливо дете за да го поштеди од непријатност, кога испраќа порака до наставникот, наместо да го охрабри детето само да побара помош, ја отстранува секоја неизвесност што може, и тоа често функционира, барем на почетокот. Сепак, на овој начин детето пропушта можност да ја искуси непријатноста и да се справи со ситуациите што на почетокот му изгледаат тешки. Што вели истражувањето? Една студија, во која учествувале 75 родители на деца со анксиозни нарушувања покажала дека колку повеќе родителите се прилагодуваат во ситуации што предизвикуваат непријатност кај децата, толку потешки симптоми на анксиозност се јавуваат подоцна во животот. Ова значи дека реакцијата на родителите на стрес станува дел од циклусот кој тешко може да се прекине. На децата треба да им се дозволи да чувствуваат тешкотија и сами да се справат со ситуацијата. Улогата на родителските тешкотии Гледањето како детето плаче и паничи пред да тргне на училиште може исклучително да го вознемири родителот, особено ако знае дека има проблем во односите со врсниците. Тогаш и тој е вознемирен, па во утринските часови, додека се обидува да го испрати, предвидува што може да тргне наопаку. Во обидот да го заштити, најчесто го контактира училиштето за да предложи решенија или му дозволува на детето да остане дома. Анксиозноста е сложена појава и на нејзиниот развој влијаат бројни фактори, вклучувајќи го темпераментот, генетиката, животните искуства и средината. Сепак, анксиозноста на еден член од семејството со текот на времето може да влијае на целото семејство, создавајќи образец на однесување што постојано се повторува и дополнително ја засилува вознемиреноста. Промена на пристапот Наместо родителите да се прашуваат што да направат за детето да престане да ја чувствува анксиозноста, подобро е да се запрашаат како може да му помогнат за тоа да научи да се справи со анксиозноста. Наместо да кажете: „Нема за што да се грижиш“, обидете се со: „Гледам дека си вознемирен/а. Тоа е непријатно чувство. Со тебе сум и знам дека можеш да се справиш со ова. Тука сум да ти помогнам.“ Овој пристап може да доведе до сосема поинаков исход. Тоа може да значи „страшната“ ситуација да се подели на помали чекори, наместо целосно да ја отстраните. Притоа, важно е да не му ја ускратувате поддршката и да не го принудувате на ситуации за кои не е спремно. Целта не е да се игнорира неговата непријатност, туку да се покаже разбирање за она што му претставува тешкотија, истовремено давајќи му до знаење дека може постепено да се соочи со тие предизвици и успешно да ги надмине. Заедничко справување со вознемиреноста Когнитивно-бихејвиоралната терапија (КБТ) често се користи при појава на анксиозност кај децата. Таа им помага на децата да ги препознаат вознемирувачките мисли, да развијат вештини за справување и постепено да се изложуваат на работите од кои се плашат. Родителите кои и самите се соочуваат со анксиозност треба да знаат кога е потребно да побараат стручна помош. Ние влијаеме врз нашите деца повеќе отколку што можеби сме свесни. Справувајќи се со нашите сопствени стравови и анксиозност, им дозволуваме и на децата да го сторат истото. Барањето помош за себе не е одвоено од помагањето на детето; понекогаш, тоа е клучен дел од процесот. Кога детето е вознемирено, може да изгледа како проблемот да лежи исклучиво во него. Но, децата живеат во семејни системи кои развиваат одредени обрасци на реагирање на стрес. При помагање на детето кое е вознемирено, понекогаш треба да ги преиспитаме овие обрасци, вклучувајќи ги и сопствените. Една од најмоќните пораки што еден родител може да му ја пренесе на своето дете е: „Што и да се случи, верувам дека можеш да се справиш со тоа, а јас сум тука да те поддржам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter