Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово - Канал 5

Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово

Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово, сведоштво на обвинителката Кадриу .

Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово

Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена.

Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители се приклучил во истрагата, за кои според обвинителката Кадриу, имале обврска да ја држат работата под контрола.

Имено, Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на цела Република Македонија, и како што вели Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на истите овие објекти.

Филипче кој инаку е познат по својот сенс за криминал и корупција, ја искористил шансата веројатно, да направи модуларни болници за кои тој лично ја скроил техничката спецификација.

Во истрагата обвинителката Кадриу, вели дека во свои разговори со останати лица, градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5 до 6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници кои Филипче ги изгради чинеле околу 300.000 евра, сите заедно, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра. Каде заминале овие пари и во чиј џеб завршиле, никој нема одговор. Можеби Филипче го има и се наоѓа во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или пак некоја фирма во Бугарија.

За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства.

Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.

Почитувани граѓани,

Сведоштвото на обвинителката Лејла Кадриу, вели дека вистинските виновници не се зад решетки. Оние кои велеле дека не треба да има модуларна болница и нуделе други решенија, сега се осудени, за жал само по 3 години, а вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција.

Утре продолжуваме со нови информации и за тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана баш поради овој случај.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер