Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
МакедонијаМанасиевски: Филипче е фатен во голема лага, должен е да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза?За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис? Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за добивање на златна виза. Наместо молк, потребни се факти и документи. Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој изјави дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, посочи и дека ги видел становите на Заев и Филипче во Дубаи. На овие сведоштва Филипче повторно не даде конкретен одговор. Дополнително, Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче дошол до златна виза за Дубаи? Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи. Но, Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што, ги нема. Филипче продолжува по стапките на менторот Заев, како на приватен, така и на партиски план. Одговорност мора да има! Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаСтопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставуваРаботодавците бараат кратење на празниците – доколку државен празник е во недела, да не се префрлува славењето за следниот ден и понеделник да си остане работен. Покрај ова, стопанската комора до министерство за економија ќе предложи граѓаните да можат да избираат кои два верски празници ќе ги празнуваат, зависно од нивната вероисповед, додека за другите кои нема да ги изберат, ќе треба да се појават на работа. Од комората објаснуваат дека Македонија има голем број неработни денови што велат води до финансиска загуба кај компаниите. Според анализата на комората направена на 36 европски економии, во најголем дел од нви бројот на државни празници се движи меѓу 11 и 14. Македонија е во тие рамки доколку се земат предвид само 11-те неработни денови, но се додадат и неработните денови за припадниците на православната вероисповед, бројот достигнува 16. – Голем дел од празниците ги минуваме во странство и потрошувачката и приходите се насочуваат кон економии на други држави. Предлогот ќе е од сите овие празници кои не се однесуваат на сите, со договор за вработување при вработување лицето да определи кои од посочените празници ќе ги празнува. И така би се определиле, нашиот предлог ќе биде да се два дополнителни денови, со што вкупниот број на неработни денови би се свел индиректно на 13 неработни денови,- - изјави Анета Димовска, приватен менаџер во стопанска комора. На ваквиот предлог, експресно реагираа од Сидникатот.. Претседтаелот на ССМ Трендафилов смета дека единствената цел на кратењето на празниците е да не им се плаќа на работниците дополнително за работа на празници.. – Размислувањето на работодавачите да скратат нешто што не плаќаат, а денеска работата на празник е 250 проценти дневница за работникот и тие да сакаат само да ги скратат овие 250 проценти на работниците не само што сметаме дека е несериозно, туку е и крајно навредувачки,- изјави Слободан Тренфафилов, претседател на ССНМ . За граѓаните кои ги анкетиравме кратењето на празниците не е решение - велат дека треба да се подобри ефикасноста на работникот во текот на самите работни часови, а не тие квантитативно да се зголемуваат. - Исто така сметам дека не е проблем денот на државните празници и верските празници тука мислам исто влегуваат, тоа не е проблем, туку поголем проблем е колку сме ефикасни за време на работниот ден од 8 саати. Сметам дека тука треба да се подобри и унапреди, а не да се дискутираат деновите коишто ги имаме како празник. – Јас колку што сум информиран ние немаме нешто многу повеќе празници во однос на други држави – иаме по број горе-долу исто како и другите држави по број, е сега што сакаат да постигнат со тоа не ми е јасно – Од една страна зборуваме да се скрати работното време на 4 часа, дека сме многи продуктивни, а од друга страна сакаме да ги кратиме празниците, зошто ги кратиме, за да работиме повеќе? Цела на комората со новиот предлог е да се намали бројот на неработни денови на 13. Предлогот на комората треба да биде испратен до Министерство за Економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците би го имале пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаАнализа на Фискалниот совет: Пензискиот систем е загрозен, потребни се реформиПензискиот систем е под се поголем притисок. Анализата на Фискалниот совет и „Фајнанс тинк“ покажува дека јазот веќе изнесува 5,2 отсто од БДП, а без реформи до 2037 година може да достигне и до 6,6 отсто. Анализите покажуваат и дека се помалку осигуреници финансираат се повеќе пензионери. Во 2024 година на еден пензионер имало 1,67 осигуреници, а поради нискиот наталитет, иселувањето на младите и стареењето на населението, проекциите покажуваат дека овој сооднос во иднина може да падне и под еден. Дополнителен проблем е неформалната економија. Според анализата, околу 95 илјади работници не плаќаат придонеси или плаќаат помалку од реалната заработка. Препораките се постепено зголемување на придонесите од 18,8 на 20%, промена на начинот на усогласување на пензиите, но и соодветни мерки за намалување на неформалната економија и зголемување на бројот на луѓе на пазарот на труд. -Дел од состојбите коишто се во делот на демографија веќе и не можеме да делуваме, па така прозорецот за реформи се затвора околу 2035 година, односно колку повеќе ја одложуваме оваа потенцијална реформа, толку цената ќе биде поголема и ќе бидат поболни тие реформи. Така што параметарски реформи се неопходни, меѓутоа не се и доволни,- Благица Петрески – Фајнанс тинк. Годинава дефицитот на ПИОМ достигнува околу 1,07 милијарди евра, а директорот Никола Мемов вели дека само годинава дефицитот пораснал за над 160 милиони евра. Тој се есогласува дека придонесите треба постепено да се зголемуваат, но додава дека потребно е да се промени и методологијата за пресметка на пензиите, да се преиспитаат и правилата за минималната и максималната пензија и повластените категории. Како значителен товар на фондот ги потенцира и обврските кон ФЗО, кои сочинуваат над 220 милиони евра од вкупниот дефицит. -Како растат пензиите, така расте и обврската на ПИОМ спрема ФЗО. А цената на здравствените услуги не расте.Само за 2026 година обврската на ПИОМ спрема Фондот за здравство порасната е за 3,5 милијарди денари, затоа што пензиите се пораснати за 7.000 денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за цела 2026 година. Ова значи дека пензионерите во 2026 година добиваат повеќе пола милијарда евра во споредба со 2024 година. И административно се зголемува долгот за цели 60 милиони евра на ПИОМ спрема Фондот за здравство. Ова треба да се смени,- Никола Мемов – директор на ПИОМ. Во однос на вториот пензиски столб, Мемов смета дека е потребна поголема слобода за пензиските друштва при инвестирањето, односно поголем дел од средствата да се насочуваат кон акциски инвестиции наместо кон државни обврзници. Тој уверува дека средствата на осигурениците се одвоени од државните и дека државата не може да ги користи, додека нивното инвестирање го контролира МАПАС. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарЗа три денари поевтинува дизелот, додека бензините од полноќ ќе бидат поевтини за денар и половина. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои литар дизел ќе се продава за 97 денари, Еуросупер 95 за 98, 5, а Еуросупер 98 за 100, 5 дВо пресметката остануваат и намалениот ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и акцизата за горивата за четири денари, мерки што важат до 12 октомври а се однесуваат на ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата. Но, поевтиното гориво на бензинските пумпи ќе значи и помали приходи во државната каса. Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека токму намалените приходи од акцизите и ДДВ се една од причините поради кои до крајот на месецот ќе се прави ребаланс на Буџетот. Според пресметките ќе се кратат околу 120-130 милиони евра и на приходната и на расходната страна. -Ние остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел-горивото и безоловниот бензин од 95 и 98 октани. Отприлика, од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика од 7 до 8 милијарди денари и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата и за нас приоритет е стандардот на граѓаните – изјави Христијан Мицкоски -Премиер на Македонија. Од опозицијата, пак, сосема поинакво толкување за потребата од ново прекројување на државната каса. Соред Венко Филипче премиерот манипулира со граѓаните кога ребалансот го поврзува со намалените давачки за горивата. Тој тврди дека ако буџетскиот недостиг е 130 милиони евра, тогаш бројките од ДДВ-то и акцизите на горивата не ја потврдуваат тезата на премиерот. -Ако и покрај намалувањето на едно одредено изминатите месеци на ДДВ и Акцизите вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50 проценти, тоа зналчи дека и со намалено ддв и акцизата на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе биде приливот по основ на Акциза и ДДВ од поскапи горива, уште една лага на Мицковски, што е лагата, лошо испланиран Буџет – изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Во дебатата за цените на горивата се вклучи и ЛДП. Од партијата бараат, Владата да воведе поврат на дел од ДДВ за горивата за домашните граѓани и компании. Според партијата, со сегашниот модел индиректно се субвенционираат и граѓани од соседството кои доаѓаат да полнат гориво во земјава па наместо тоа, бараат Владата да најде модел како ДДВ-то би се вратило на домашните потрошувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook