МакедонијаМанасиевски: Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Претходно беше Зоран Заев, а сега е Венко Филипче. Имено, Венко Филипче е политичар кој како претседател на партија има понизок рејтинг од самата партија, од само 3%, и тој истиот се дрзнува да говори за евроинтегративниот процес на државата, но веќе и граѓаните не се чудат на неговите говори, бидејќи од него и не се очекуваат некакви резултати. Венко Филипче додека ја чува фотелјата во СДС, поклонета од Зоран Заев, јасно и гласно ги промовира неговите политики на удоволување на секој еден, освен на Македонија и македонскиот народ. Филипче по доаѓањето на новата власт во Бугарија, не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни. За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДС нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter