Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030 - Канал 5

Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030

​„Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. 

Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030

Стратегијата која е на долг рок, поставува јасен правец и систем на управување што ја заменува импровизацијата со институционална зрелост. Нашата цел е држава што создава стабилност, економска моќ и самодоверба.

Денес имам чест, да го презентирам Првиот стожер од стратегијата Македонија 2030, а тоа е, државна безбедност и стабилност.

Во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани, безбедноста станува основа за секоја друга државна политика. Само држава што е модерна, отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност.

Нашата стратегија за државна безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.

Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди. Технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес.

Вториот приоритет е национален модел за сајбер-безбедност. Сајбер-просторот е новото боиште. Потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура.

Третиот приоритет, одбрана од хибридни закани и дезинформации. Создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината.

И четврти приоритет, модерен систем за управување со кризи. Централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција.

Почитувани граѓани,

Безбедноста е темелот на државата. Само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена.

Со овој стожер го отвораме новото поглавје на државноста што ја градиме заедно.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. 

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија

Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија.

Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата.

Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар.

Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија.

Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем.

Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

 Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC.

Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот.

По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании.

Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат.

Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

Скопје, 05.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер