Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче - Канал 5

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче

Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче - затоа се опседнати со Србија.

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче

Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче - затоа се опседнати со Србија.

Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДС го напаѓа СНС од Србија, како и претседателот Александар Вучиќ.

Имено, Зоран Башановиќ е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на кумството со Александар Вучиќ.

Исто така, Зоран Башановиќ е и куќен пријател на Зоран Заев во Грција. Човек кој му беше специјален советник во владата и земаше над 1.500 евра плата во тоа време. Но, како велат - сличните луѓе си се наоѓаат едни со други.

Зоран Башановиќ, заедно со ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ, се лицата кои го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ.

Сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДС говорат се што овие ќе им напишат.

Затоа повеќе не сме вчудоневидени од соопштенијата и прес-конференциите на СДС и Филипче во кои ги напаѓаат претседателот Вучич и владата во Србија.

Почитувани граѓани,

Башановиќ и Шчекиќ, од скопски хотел диригираат директно на Бихачка. Овие двајца се изворот на сите лаги, манипулации и невистини кои доаѓаат од СДС и Филипче.

YouTube video

Манасиевски: Порака до СДС, Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Прашање: Од СДС денес повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад директорот на државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен дека земал мито од 50.000 евра и за тоа беше и уапсен?

Одговор: Благодарам на прашањето. СДС се однесува како мало дете на кое ќе му дадат колач и така се радува, исто така тие се радуваат и им е многу убаво на душата кога ќе се случи некаков криминал или корупција, а уште па ако личноста на некаков начин се поврзе со ВМРО-ДПМНЕ, тоа за нив е полн погодок.

Кога нивни лица се апсеа и се приведуваа за кои има основани сомнение дека сториле криминал, еве на пример Артан Груби, ние од СДС не слушнавме ниту дистанцирање ниту оградување, туку само бранење на криминалот кој тие директно или индиректно го овозможувале. За него не слушнавме вака гласно да говорат.

Исто така, да ве потсетам, претседател на СДС и премиер на држава беше аболициран криминалец. Човек кој земаше едно евро за брат му и едно евро за црквата, за кои има снимки на интернет, и тоа може да се види. СДС за овој човек ниту се дистанцираше ниту се оградуваше, туку истиот стана претседател на партија, и стана премиер на држава. За него не слушнавме исто така вака гласно да говорат и да бараат правда.

Дополнително, човекот кој сега им е претседател на партијата, има директни показатели и докази, дека поради негов пропуст додека бил министер за здравство, се случи пожарот во модуларната болница во Тетово во кој живи беа запалени 14 наши сограѓани. И за него не слушнавме вака да бараат правда и да бараат од надлежните институции да постапат по овој случај, и за него не беа вака гласни, а сега се гласни, и го ставија дури претседател на партијата да им биде.

И уште еднаш би сакал да го повториме нашиот став, кој е јасен, концизен и недвосмислен а тоа е, секој кој се огрешил спрема законот, без разлика дали е од СДС, ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидеме еднакви пред законот и со законот нема играње.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка.

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во зависност од економските и општествените промени, како и за нејзиниот важен придонес, потенцирајќи дека во 1991 дојде до историска промена на централнобанкарското работење, односно до монетарен суверенитет во самостојна и суверена Република Македонија.

За неа, независноста, кредибилитетот и довербата не се само формални обележја на централното банкарство, туку темелни принципи врз коишто се градат ценовната и финансиската стабилност, а институционалната независност и отчетноста се заемно комплементарни предуслови за професионално одлучување и заштита на долгорочниот јавен интерес.

Говорејќи за значењето на ценовната стабилност, Сиљановска-Давкова укажа дека таа непосредно се одразува врз животниот стандард на граѓаните, сигурноста на семејните буџети и можноста домаќинствата и компаниите да ја планираат својата иднина, нагласувајќи дека монетарната и финансиската стабилност претставуваат јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Според неа, глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки, коишто мора постојано да ги унапредуваат своите аналитички и технолошки капацитети, да вложуваат во знаење и стручност и да развиваат механизми за одговорно управување со ризиците.

По повод јубилејот, претседателката упати честитки до Народната банка, оддавајќи им признание на сите генерации раководители, банкари и вработени кои со својата стручност, посветеност и одговорност ја граделе и развивале институцијата.

На свеченоста се обрати и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и беше прикажан документарен филм посветен на осумдесетгодишниот развој на централното банкарство.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитуван премиер, проф. д-р Христијан Мицковски,

Почитуван претседател на Собранието, Африм Гаши,

Почитуван гувернер, проф. д-р Трајко Славески,

Почитувани вицегувернери,

Почитувани членови на Советот на Народната банка,

Почитувани екселенции,

Почитувани претставници на државните институции,

Дами и господа,

Не сум меѓу вас од куртоазна, туку од суштинска причина. Осумдесетгодишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка е важен ден за неа, за државата, но и за народот. Причината е во независното, стручното, одговорното, напорното и успешно работење на една од најважните државни институции.

Зад неа се осум децении правен и институционален континуитет и меморија за трансформацијата на финансиските, економските и општествените односи, за домаќинското водење и менаџирање, врз основа на вредности коишто ги отелотворува, за заслужената доверба којашто ја ужива и за способноста да одговори на предизвиците.

Од првиот гувернер Стојан Ќосев до актуелниот, сметам дека имавме многу солидни гувернери, учени и посветени чувари на финансиската стабилност и сакам на сите нив да им оддадам должно признание.

Не е лесно да се адаптира централното банкарство на општествените, економските и уставните промени: од кредитирањето, платниот промет и девизните операции до планирањето, статистиката, сметководството и контролата.

Најдлабоката трансформација во современата историја на Народната банка, настапила со осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Создавањето независна и самостојна држава подразбирало воспоставување сопствен монетарен систем, дефинирање национална парична единица и конституирање институција којашто ќе ја преземе одговорноста за монетарната стабилност во услови на самостојно економско управување и монетарен суверенитет.

Успешната замена на југословенските динари со македонски банкноти е историски чекор на воспоставување сопствена монетарна политика и зачувување на вредноста на националната валута. Со конституирањето на независната држава, Народната банка прерасна во современа централна банка.

Во изминатите осум децении таа ги разви своите институционални, аналитички и оперативни капацитети, соочувајќи се со домашните и со меѓународните предизвици и борејќи се за одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс.

Ретроспективата открива перманентна институционална трансформација: од централа во рамките на федералниот монетарен систем, преку републичка народна банка, до современа централна банка на независна држава. Се разбира, секоја етапа има свое кредо и своја физиономија, но сите етапи откриваат суштинска врска меѓу институционалниот развој, економската стабилност и одговорноста кон јавноста.

Во основата на современото централно банкарство се три меѓусебно поврзани принципи: независноста, кредибилитетот и довербата. Тие не се само формални обележја на институционалната поставеност, туку важни предуслови за успешно остварување на основната цел на централната банка: ценовната стабилност и стабилноста на финансискиот систем. Независноста на централната банка не е само техничко прашање на монетарната политика, ниту, пак, само институционално прашање. Таа е дел од архитектурата на современото економско управување, како и механизам за заштита на долгорочниот јавен интерес.

Ова особено важи за централните банки чиишто одлуки влијаат врз трошоците за задолжување, штедење, инвестиции, економски очекувања и функционирање на финансискиот систем. Нивните овластувања се значајни, па затоа и начинот на кој тие се користат мора да биде заснован врз стручност, интегритет и јасна институционална одговорност. Институционалната независност овозможува одлуките да се носат врз основа на економски анализи, расположливи податоци и проценка на долгорочните последици. Таа создава услови за доследно спроведување на монетарната политика и за зачувување на стабилноста и во периоди кога економските околности бараат тешки, но неопходни одлуки. Во демократскиот политички систем, избраните институции ги утврдуваат законските цели и рамката на дејствување на централната банка, а нејзината автономија овозможува професионално одлучување во рамките на надлежноста. Оттука, независноста и отчетноста не се спротивставени принципи. Напротив, тие се заемно комплементарни елементи. Независноста ја гарантира професионалната процена, а транспарентноста, отчетноста и јасната комуникација ја потврдуваат легитимноста на одлуките и ја зајакнуваат довербата во институцијата.

Довербата на јавноста не е само прашање на репутација. Таа има директно економско значење оти влијае врз инфлациските очекувања, одлуките за штедење и за потрошувачка, инвестициските планови и предвидливоста на економските односи. Во мала и отворена економија како нашата, во која стабилниот девизен курс има централна улога во монетарната рамка, довербата во монетарните и финансиските институции е клучна. Кредибилитетот на политиките и институционалната доследност придонесуваат кон зачувување на ценовната и на финансиската стабилност и кон создавање попредвидливо економско опкружување.

Почитувани присутни,

Кога зборуваме за ценовната стабилност, не зборуваме само за стапките на инфлација, монетарните инструменти или макроекономските показатели. Зборуваме и за животниот стандард на граѓаните, за сигурноста на домаќинствата и компаниите со доверба да ја планираат својата иднина. Ценовната стабилност не е само економско прашање, туку и прашање на социјална сигурност и заштита на јавниот интерес. Монетарната и финансиската стабилност претставуваат јавно добро токму затоа што нивните придобивки се заеднички за целото општество. Стабилните пари создаваат заедничка основа за функционирање на домаќинствата, претпријатијата и јавните институции. Оттука, зачувувањето на ценовната стабилност бара долгорочна доследност. Краткорочните мерки не можат да ја заменат потребата од кредибилна и одржлива монетарна политика. Во услови на притисоци за брзи решенија, важно е да се зачува фокусот на долгорочната стабилност и да се избегне преземање мерки коишто би можеле да ги поткопаат економските очекувања. Во овој контекст, значењето на централната банка се огледува и во нејзината способност да ја зачува довербата во вредноста на парите, а со тоа и во економските односи коишто се засновани врз нив. Изминатите децении, меѓутоа, нè потсетија дека стабилноста не е секогаш загарантирана. Глобалната финансиска криза, пандемијата, енергетските и ценовните шокови и геополитичките тензии покажаа колку брзо надворешните нарушувања можат да се пренесат врз домашните економии и врз финансиските системи.

Осумдесетгодишното наследство на Народната банка е важна основа за идниот развој, но истовремено и обврска за унапредување на институционалните капацитети. Геополитичките конфликти, фрагментацијата на меѓународната економија, растечкиот трговски протекционизам, високиот јавен долг и побавниот раст на продуктивноста создаваат дополнителни извори на неизвесност. Истовремено, климатските промени и сè почестите екстремни временски настани можат да предизвикаат економски загуби, нарушувања на производството и дополнителни притисоци врз цените и врз финансискиот систем.

Технолошкиот напредок, особено развојот на вештачката интелигенција, носи значајни можности за подобрување на аналитичките процеси, зголемување на ефикасноста на финансиските услуги, унапредување на проценката на кредитниот ризик и поефикасно откривање измами. Но, истовремено, тој отвора и нови ризици поврзани со сајбер-безбедноста, оперативната отпорност, концентрацијата на технолошките услуги и ширењето на ризиците меѓу финансиските институции. Овие промени бараат централните банки, значи и нашата централна банка, постојано да ги унапредуваат своите аналитички и технолошки капацитети, да инвестираат во знаење и стручност и да развиваат соодветни пристапи за проценка и за управување со новите ризици.

Иднината, со еден збор, бара коегзистенција ем институционална стабилност, ем способност за приспособување: доследност во принципите, флексибилност во инструментите и постојана подготвеност за новите предизвици.

Почитувани присутни,

На крајот, сакам да упатам искрени честитки до Народната банка по повод овој значаен јубилеј, со признание за придонесот на сите генерации раководители, банкари и вработени коишто со својата стручност, посветеност и одговорност ја граделе и ја развивале институцијава како свој втор дом.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди

Времето денес според УХМР променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла,.

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Miele Triflex безжична правосмукалка со голема моќ на вшмукување која го чисти секое ќоше во домот

Динамичното секојдневие често остава многу малку слободно време за домашните обврски, особено во периоди кога деловниот и приватниот календар се исполнети.

Miele Triflex безжична правосмукалка со голема моќ на вшмукување која го чисти секое ќоше во домот

Едвај ги завршуваме деловните обврски, а од друга страна ефтините летови не мотивираат за викенд патувања на најразлични дестинации. Во такви ситуации одржувањето на баланс меѓу обврските и приватниот живот е вистински предизвик, нешто што треба ефикасно да се менаџира, а притоа да не биде запоставен домот.

YouTube video

Без оглед на се друго, кога ќе се вратиме дома сакаме просторот да е уреден, и да можеме максимално да се опуштиме. Во такви услови, луѓето сè почесто бараат уреди што можат да го забрзаат одржувањето на домот, а притоа да бидат лесни за користење и приспособливи на различни површини и простории. Да исчистат брзо, ефикасно, и тоа да не претставува напор. Тоа е причина да се радуваат на перформансите на Miele Triflex безжичната правосмукалка кои овозможуваат мобилност, флексибилност и повеќе начини на употреба. Со неа може полесно да се исчистат подови, теписи, просторот под мебелот, помали површини и внатрешноста на автомобилот. Бидејќи работи без кабел, уредот не бара постојано менување на приклучоците при преминување од една во друга просторија. Практична е за домови со повеќе нивоа, но и кога е потребно брзо да се исчисти конкретен дел од просторот пред доаѓање гости или по секојдневни активности.

До еден час работа со едно полнење

Според наведените спецификации, едно полнење овозможува до еден час безжична работа, при што времетраењето може да зависи од избраниот режим и начинот на користење. Оваа автономија овозможува чистење на поголема површина без прекин за дополнително полнење, а можноста за влажно чистење со помош на AquaPad додатоците придонесува за поцелосно одржување на подните површини со еден практичен уред. Садот за нечистотии е конструиран така што корисникот не мора често да го прекинува чистењето за празнење. Комбинацијата од батериско напојување и сад со поголем капацитет е особено корисна кога се одржуваат повеќе простории во еден циклус.

YouTube video

Една од главните карактеристики на Miele Triflex е што овозможува три начини на употреба. Како рачна правосмукалка, уредот може да се користи за автомобил, мебел и помали површини. Со долгата рачка полесно се пристапува под маси, кревети и софи, додека стандардната поставеност е наменета за вообичаено чистење на подовите.

Електрочетката е наменета за собирање и на ситни и на поголеми честички од различни површини, вклучувајќи теписи, тврди подови и тесни фуги меѓу плочките. Можноста за промена на конфигурацијата му овозможува на корисникот да го приспособи уредот според делот од домот што се чисти, без потреба од користење посебна правосмукалка за секоја задача.

При изборот на безжична правосмукалка, покрај моќноста, важни се и тежината, начинот на управување, траењето на батеријата и просторот потребен за складирање. Кај овој модел, компактниот формат е наменет да овозможи уредот да биде сместен на релативно мал простор и да остане лесно достапен за редовно или повремено чистење.

Со различните конфигурации и безжичното работење, Miele Triflex е насочена кон корисници што сакаат еден уред за повеќе задачи во домот. Моделот ги обединува мобилноста на рачна правосмукалка и функционалноста на стандарден уред за подови, а декларираната автономија овозможува подолго чистење со едно полнење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер