Мамографите биле бескорисни!? - Канал 5

Мамографите биле бескорисни!?

Една мошне обемна студија, во која биле вклучени 90.000 жени и која траела 25 години, сериозно ја доведе во прашање вредноста на мамографијата кај жените на која било возраст. Студија е објавена во Британскиот медицински журнал, а ја пренесува Њујорк Тајмс.

Мамографите биле бескорисни!?
Со студијата требало да се утврди дали постои некаква предност во откривање на рак на дојка кога тој е премногу мал за да може да се почувствува. Одговорот на истражувачите бил негативен.

Во воведот на студијата е објаснето дека претходните истражувања кои откриле дека мамографите им помагаат на жените се направени пред да стане пракса рутинското користење на лекови како „тамоксифен“, кој сериозно ја намалува смртната стапка од ракот на дојка. Дополнително, тие забележуваат дека голем број од студиите не користеле златен стандард методи во клиничките испитувања.

Според авторката на студијата др. Мет Калагер, епидемиолог од Универзитетот од Осло и Училиштето за јавно здравје на Харвард, има причина зошто овие резултати не се како на претходните студии. Односно дека заради користењето на подобри терапии, како тамоксифен, помалку е важно раното откривање на ракот.

Досега за бенефитите на мамографијата имаше сериозни дебати, но ниту една нација освен Швајцарија нема побарано да се прекине со тестовите. Според еден од членовите на Швајцарскиот медицински борд, др. Питер Јуни, една од главните грижи е дека мамографијата не ја намалува севкупната стапка на смртност од болеста, но го зголемува бројот на непотребни дијагнози, доведува до неточни позитивни резултати и непотребни биопсии.

Студијата само ќе ја зголеми поделеноста меѓу оние кои веруваат дека мамографијата спасува животи и растечкиот број на истражувачи кои тврдат дека нема докази за успешноста на мамографијата.

За сега не се очекува дека резултатите на студијата ќе ги променат насоките за мамографија, а според шефот за контрола на рак во Американското друштво за рак, др. Ричард Вендер, сите постојни студии се анализираат, вклучително и оваа последната, и во текот на годината ќе се објави ревизија на правилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена.

Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени.

На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина.

Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена.

Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари.

Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите.

Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер