Мамер: ЕУ жали поради забраната за користење на српскиот динар во Косово - Канал 5

Мамер: ЕУ жали поради забраната за користење на српскиот динар во Косово

ЕУ жали поради забраната за користење на српскиот динар во Косово без претходни консултации.

Мамер: ЕУ жали поради забраната за користење на српскиот динар во Косово

Европската комисија изразува жалење што последната одлука на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото, предвидена да стапи во сила од 1 февруари, беше донесена без претходни консултации, изјави денеска главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер.

- Оваа одлука може да има последици врз српската и врз другите заедници во Косово. Комисијата е посебно загрижен поради нејзините последици врз училиштата и болниците, бидејќи таа во моментов очигледно не остава простор за други алтернативи, рече Мамер.

Според Мамер, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК не ја осудува одлуката за воведување на еврото во Косово, туку само изразува загриженост поради тоа што таа е донесена без претходни консултации и поради последиците и ризиците што може да ги има.

- Во моментов има институции, вклучително и училишта и болници, кои функционираат во друга рамка, добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време со цел да се прилагодат, рече главниот портпарол на ЕК.

Мамер нагласи дека ЕУ многу јасно му посочила на Косово изминативе денови дека одлуката на Централната банка ќе влијае врз финансиската поддршка што овие институции ја добиваат од Србија и дека ќе беше соодветно пред да биде објавена, за неа да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение.

Тој додаде дека ЕУ ја поддржува претходно дадената изјава на Европската служба за надворешни работи, преку нејзиниот портпарол, за воведување преоден период за стапување во сила на оваа мерка.

- Комисијата го повикува Косово да одреди доволно долг преоден период за да се најде решение преку преговори во рамки на дијалогот што се води со посредство на ЕУ, истакна Мамер.

Повикот на ЕУ за воведување доволно долг преоден рок за примена на одлуката за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото, со цел да се најде решение за ова прашање по пат на преговори, во понеделникот го упати портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на писмото на амбасадорите на „Квинтата“ упатено до косовскиот премиер Албин Курти со кое се бара одлагање на примената на оваа одлука, Стано истакна дека ЕУ е свесна за последиците што таа ќе ги има врз припадниците на српската заедница во Косово.

- Оваа одлука ќе има влијание врз секојдневниот живот на огромното мнозинство косовски Срби кои примаат плати или финансиска помош од Србија во српски динари. Затоа имајќи ги предвид потенцијалните последици од оваа одлука врз процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија, очекуваме дека оние аспекти кои се однесуваат на српската заедница ќе бидат опфатени со дијалогот што се води со посредство на ЕУ, изјави Стано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Четири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип .

Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола.

Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Поранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“.

Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца.

Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна.

„Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан.

„Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа.

Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј.

Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа.

Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер.

На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците.

„Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката.

„Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа.

Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата.

„Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот.

Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции.

Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година.

Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети.

„Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер