МакедонијаМалото градинарско производство и сушата диктираат цени на зелениот пазарСушата и малото градинарско производство, зависноста од увозот и лошата година ги држат високо цените на градинарските култури, констатира агриномот од Прилеп, Филип Димкоски оценувајќи дека не се очекува некое намалување на цените на зелената храна-Повеќе фактори влијаат на цените и зошто се тие повисоки. Иако сметам дека не се толку високи колку што се сразмерни на нашето мало производство. Според мене, повеќе од производна, а помалку од еконосмска страна, тие цени нема да имаат големи намалувања во текот на оваа година, зашто сушата предизвика намалено производство и тоа секако ќе влијае на цените. Или ќе останат исти, или можеби ќе одат уште повисоко зашто едноставно, имаме многу мало домашно производство. На тоа го додаваме факторот на увозната зависност што ја имаме и, особено за оваа година, не може да се очекуваат помали цени. А да се смета на поголемо производство, секако, е доцна, вели Димкоски. Нормални се сушните и врнежливи години. Но, доколку се користат методи кои се органски и поблиски до природата, производителите ќе успеат да направат здраво растение кое ќе се избори со плевелите, со болестите, со штетниците кои неминовно се појавуваат. Особено сега, во ваква сушна година. -Значи, имаме забавен развој на растенијата, тие не успеваат да ги искористат хранливите материи од почвата, процесите се бавни и со тоа значи дека ќе имаме и помали и закржлавени производи: ќе се одрази и на квалитетот и на кванитетот. Од друга страна, годинава имаме многу инсекти, вели Димкоски. Агрономот Филип Димкоски смета дека мора да се поттикне малото производство, односно малите производители. -Со последните измени што се воведуваат, мислам дека, наместо да се поттикне малото производство , некако одат во спротивен правец. Значи, мора да се олеснат законските регулативи, односно да се подобрат и да се унапрерат за малиот производител да биде мотивиран, да може на легален начин да го продаде своето мало производство, а да нема пречки и да не биде загрозен од големитре производители. Ние треба да ги стимулираме зашто нам многу ни фали градинарско производство во државава, а тоа ни е основа во храната, исто како и житните култури. Што значи, законски регулативи и, едноставно, послободен и пофер пазар за малите производители, објаснува прилепскиот агроном Филип Димкоски.Тагови: пазар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook