Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
2Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
БалканМалолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ донесен во суд Малолетниот К.К. (14), кој изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска е изведен во Специјалниот суд во Белград каде треба да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кечамановиќ.Тој за првпат е изнесен од психијатриската установа во која е откако го извршил делото, јави дописникот на МИА од Белград. Детето масовен убиец е донесено со возило на Брза помош, придружуван од полицијата и во судот ќе биде сослушан како сведок. Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци за да го обезбедуваат судењето на кое покрај адвокатите присуствуваат и оштетените. Родителите на убиените деца присуствуваат на судењето, потресени, тажни и со солзи во очите. Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиштето Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ. К.К., кој на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска за првпат лице в лице ќе се сретне со семејствата на неговите жртви, но и со неговите родители, со кои од подигање на обвинението му е забрането да комуницира. Родителите на малолетниот убиец, Миљана и Владимир Кецмановиќ на претходните судења ја дадоа својата одбрана и негираа вина. Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви. Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи однел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека небезбедно дома чувал оружје. Мајката Миљана Кецмановиќ е обвинета затоа што нејзината ДНК е пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот. Момчето К.К., во моментот на ова кривично дело сè уште немало 14 години поради што не одговара кривично, стрелал на своите соученици од два пиштоли на татко му. Потоа истите кобниот ден ги ставил во ранец, отишол на училиште и на првиот час убивајќи 10 луѓе, и ранувајќи уште пет деца и наставничката по историја./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаФилипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлукиФилипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. „Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен. Да не се обидува на несоодветен начин да се спаси себеси и премиерот Мицкоски, кој што е очигледно негов наредбодавач. Ги пратиме неговите изјави, конфузни, ги дообјаснува, ги менува, очигледно е дека обвинува без причина и очигледно е дека знае дека во еден момент, кога и да дојде тој момент, ќе мора да одговара за сето ова што го направи“, рече Филипче. Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и финансиските трансакции поврзани со Алта банка, за што предупредуваше и Европската централна банка и други финансиски институции. Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем. „Станува збор за банка која што за пет или шест години за тринаесет пати, и тоа е невидено во банкарскиот сектор, ја зголемила својата актива. И тоа е можно само ако станува збор за пари поврзани со криминал, со корупција, со шверц на дрога и така натаму. Гувернерот Трајко Славески очигледно не постапил по закон и како што изјави дека не го познавал газдата, а имал обврска да знае кој е газда на Алта банка, затоа што требал да знае со кој човек има работа и каква е репутацијата на газдата на банката која што влегува на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче. Притоа Филипче посочи дека сега кога Алта банка Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола со 95 проценти, е во стечај, гувернерот неосновано повторно најавува решенија за кои нема надлежност, како што е најавата за продажба на акции. „Сега Алта банка во Белград, која што е мнозински сопственик 95 проценти на Алта банка Битола е во стечај. Гувернерот посегнува по некаква си продажба на акциите, иако вистината е дека не може тој да ги продава акциите, ниту Народна банка наша, туку за тоа одлука треба да донесе тој кој што го управува стечајот на Алта банка во Белград, а тоа е Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија. Сето тоа не е возможно, како што најавува гувернерот, иако знаеме дека сака, за да се обиде да ги забошити сите овие работи, да се случи за десетина дена“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери? Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски! Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае? Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизЌерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплатаЌерката на покојниот „крал на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Парис Џексон, побара од судот да нареди исплата на 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот. Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година. Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од милијарди долари по неговата смрт во 2009 година, но дека семејниот фонд – формиран за да ја обезбеди иднината на неговите деца – останал без средства. Според магазинот „Пипл“ (People), таа побарала од судија во Лос Анџелес да одобри делумен пренос на средства во фондот на Мајкл Џексон. Фондот е основан за добробит на неговите три деца: Принс (29), Парис и Биги (24). Според одредбите, наследниците требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исто така, предвидено е тие да добијат делови од средствата на возраст од 30, 35 и 40 години. Парис, сепак, тврди дека таквата распределба не се случила онака како што замислил нејзиниот татко. „Повеќе од 17 години по неговата смрт, семејниот фонд на Мајкл Џексон сè уште не е финансиран“, се наведува во судскиот поднесок. Во документите се наведува дека Принс наближува кон својот 30-ти роденден, додека Парис во април ќе наполни 29 години, а Биги во февруари ќе наполни 25 години. Нејзиниот правен застапник смета дека, поради отсуството на уплати во фондот, братот и сестрите сè уште зависат од одлуките на извршителот на тестаментот, Џон Бранка, кој одлучува кога и колку пари ќе добијат тие. Адвокатите на Парис Џексон наведуваат дека имотот на нејзиниот татко остварил значителни приходи благодарение на бројни деловни зделки и продажба на имот. Тука спаѓаат продажбата на удел во „EMI Music Publishing“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот „Неверленд“ за 22 милиони долари во 2020 година, како и договорот со „Sony“ од 2023 година, кој се однесува на музиката на Мајкл и други права на интелектуална сопственост. Според поднесениот документ, овие трансакции генерирале повеќе од 1 милијарда долари во готовина, пред оданочување и покривање на трошоците. Извршителите на тестаментот претходно ја процениле вредноста на оставината на износ помеѓу две и три милијарди долари. Адвокатите се повикаа и на финансискиот извештај, според кој, во декември 2024 година, оставината располагала со околу 850 милиони долари во готовина и готовински еквиваленти. Откако ќе се земат предвид потенцијалните обврски, Парис смета дека на располагање би можеле да бидат околу 600 милиони долари за уплата во семејниот труст. Во документот се спомнува и ветувањето на извршителите од 2011 година, кога пред судот изјавиле дека размислуваат да поднесат посебно барање за распределба на средствата. Правниот тим на Парис Џексон тврди дека такво барање никогаш не било поднесено.Тагови: Мајкл Џексон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter