Поранешен конгресмен е во центар на скандал- ФБИ ја претресува неговата куќа поради сексуално недолично однесување
1Поранешен конгресмен е во центар на скандал- ФБИ ја претресува неговата куќа поради сексуално недолично однесување
БалканМалолетник избоден со нож од друго малолетно лице во техничко училиште во БелградМалолетник утрово во 08:15 часот пред Техничкото училиште во белградската населба Железник избодел друго шеснаесетгодишно младо лице, потврдено е во МВР, јави дописникот на МИА од Белград.Малолетниот сторител е приведен и во моментов се сослушува во полицијата. Другото момче веднаш било пренесено во Ургентен центар и ученикот сега е во стабилна состојба. Од Техничкото училиште соопштија дека инцидентот не се случил во самото училиште, туку во негова близина. -Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри и пред почетокот на наставата. Исто така, и повредените и напаѓачот се ученици на нашето училиште, велат од оваа образовна институција. Полицијата ги утврдува околностите под кои се случил нападот, засега немаат информации дали се работи за учениците од Техничкото училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоранешен конгресмен е во центар на скандал- ФБИ ја претресува неговата куќа поради сексуално недолично однесување ФБИ изврши рација во домот на поранешниот демократски конгресмен Ерик Сволвел, истакнат критичар на американскиот претседател Доналд Трамп пред да поднесе оставка од Конгресот.ФБИ изврши рација во домот на поранешниот демократски конгресмен Ерик Сволвел, истакнат критичар на американскиот претседател Доналд Трамп пред да поднесе оставка од Конгресот, како дел од истрагата за наводите за сексуално вознемирување, изјави извор на Ројтерс запознаен со истрагата. Агенти на ФБИ ги запленија електронските уреди на Сволвел на меѓународниот аеродром во Сан Франциско и го претресоа неговиот дом во Вашингтон минатиот викенд, изјави изворот. Адвокатот на Ерик Сволвел не одговори веднаш на барањето за коментар. Сволвел поднесе оставка од своето конгресно место во април и се откажа од кандидатурата за гувернер на Калифорнија откако четири жени го обвинија за сексуално вознемирување, вклучително и сексуален напад и испраќање непосакувани експлицитни фотографии. Сволвел се извини за „грешките во проценката“, но рече дека наводите се лажни и вети дека ќе се бори против нив. Локалните власти во Њујорк и Лос Анџелес започнаа истраги за наводните напади, додека Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека ги истражува наводите дека Сволвел нелегално ангажирал дадилка од Бразил. Сволвел, кој првпат беше избран во Конгресот во 2012 година, доби национално признание како еден од најгласните критичари на Трамп и кратко се кандидираше за претседател во 2019 година. Тој се сметаше за водечки кандидат за гувернер на Калифорнија оваа година пред да се откаже од трката.Тагови: конгресмен ФБИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНајсекси хокеарката на светот отвори OnlyFans, а сега ја поврзуваат со познат голфер (ФОТО)Микаела Демојтер, поранешна канадска хокеарка која медиумите ја нарекоа „најсексипилна хокеарка во светот“, се најде во центарот на вниманието поради нејзината наводна врска со Брајсон Дешамбо, едно од најголемите имиња во LIV Golf.Демојтер објави селфи на социјалните мрежи за време на еден од настаните на LIV Golf, а фановите забележаа детаљ во позадина: капа на Крашерс ГЦ, чиј капитен е Дешамбо. Тоа беше доволно за да започнат шпекулации за нивната врска, но приказната дополнително ја разгоре американскиот „Ју-Ес Викли“, кој објави дека Демојтер и Дешамбо се во врска и дека се „многу среќни“ заедно. - И двајцата се доста „затворени“ кога станува збор за врски - изјави извор близок до двојката, објавија странските медиуми. Ни Демојтер ниту Дешамбо досега јавно не потврдија дека се заедно. View this post on Instagram A post shared by Mikayla Demaiter (@mikaylademaiter) Демојтер некогаш беше голман на Блувотер Хокс во Онтарио, но повреда на предниот вкрстен лигамент ја принуди да ја заврши својата хокеарска кариера. View this post on Instagram A post shared by Mikayla Demaiter (@mikaylademaiter) Оттогаш таа изгради успешна кариера како модел и инфлуенсер, и има милиони следбеници на социјалните мрежи. Таа, исто така, наплаќа речиси 17 долари месечно за своите услуги на мрежата „Onlyfans“. View this post on Instagram A post shared by Mikayla Demaiter (@mikaylademaiter) ДеШамбо (32) оттогаш стана едно од најпознатите лица во светскиот голф. Тој освои два Отворени турнири на САД, а денес игра во голф лигата LIV како капитен на Крашерс ГЦ.Тагови: OnlyFans хокеарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНајстарата жена на светот го прослави 117. роденден- „сменила“ шест британски монарсиБританката Етел Катерхам, која денеска полни 117 години како најстарата личност на светот, изјави дека со нетрпение очекува да го помине роденденот со пријателите и семејството во дом за стари лица во Сари.Британката Етел Катерхам, која денеска полни 117 години како најстарата личност на светот, изјави дека со нетрпение очекува да го помине роденденот со пријателите и семејството во дом за стари лица во Сари и „се радува да види што носи следната година“. Катерхам изјави дека средбата со британскиот крал Чарлс III, кој ја посети минатиот септември, веднаш откако наполни 116 години, била на врвот на нејзината листа на животни искуства, објави Би-би-си. Кралот Чарлс III е шестата личност што седи на британскиот престол откако Етел Катерхам е родена во Хемпшир на 21 август 1909 година, пет години пред почетокот на Првата светска војна. Таа е последната преживеана поданичка на британскиот крал Едвард VII, кој почина во мај 1910 година, а оттогаш тронот го наследија Џорџ V, Едвард VIII, Џорџ VI, Елизабета II, а сега и Чарлс III. Етел Катерхам стана најстарата личност на светот во мај 2025 година, по смртта на 116-годишна бразилска калуѓерка.Тагови: најстарата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook